Лекари од струшката болница му пријавиле на министерот за здравство Венко Филипче, дека во болницата доаѓаат пациенти кои што имаат наод на белите дробови кој потсетува на причинителот Ковид 19, а кои присуствувале на познатата струшка литија.
Тој додаде дека има и кластери создадени на семејни собири каде не се почитуваат мерките. Алгоритамот на тестирање е променет изминатите денови па и луѓе кои немале директен контакт со заразен може да прават тест.
-Може да биле во контакт со луѓе кои не биле свесни дека се заразени. Така ќе им дозволиме тестирање и нив, објасни министерот.
Околу двете деца кои беа примени со синдромот кавасаки, министерот рече дека се тестирани за антитела и дека деновиве ќе се добијат резултатите, по што ќе се знае со сигурност дали нивните симптоми биле во корелација со Ковид 19. Кавасаки синдромот е инаку многу редок и претставува тип на воспаление на ѕидот на крвните садови.