• Latest

Филипче : Од денес започнува реформата во СДСМ

June 5, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче : Од денес започнува реформата во СДСМ

June 5, 2024 11:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е убав ден за демократијата бидејќи СДСМ е единствената партија во која членовите непосредно избираат претседател, наспроти делегатскиот систем, и поради тоа што овој ден означува почеток на реформа во партијата.

Ова го изјави Венко Филипче кој денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Изборите во СДСМ се закажани за 30 јуни.

Како што истакна, Филипче во трката за претседател влегува сам бидејќи смета дека доколку биде избран тимот треба да биде формиран по завршување на внатрепартиските избори.

„Во моментов немам преговори со никого. Го слушнав повикот да се потпишат некакви изјави, но јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања и сметам дека секој што ќе биде избран за претседател треба да го прави тимот понатака без разлика дали некој од нив учествувал во изборната трка или не. Тоа го чувствувам како поделеност уште на самиот почеток на процесот што и е најмалку потребно на партијата во овој период“, рече Филипче.

Тој уште еднаш повтори дека ќе ги повика неговите сопартијци, противкандидати на средба.„Сметам дека треба да имаме фер плеј и тоа ќе го предложам на сите кандидати на средба на којашто ќе ги договориме сите детали поврзани со оваа претседателска трка за на крајот на оваа трка кој и да победи сите да излеземе заедно посилни. Поделби во овој период најмалку му се потребни на СДСМ“, рече Филипче.Филипче потенцира дека во трката за претседател влегува посветено, професионално и ќе ги вложи целата своја енергија и знаење за реформирање на партијата. Програмата со која ќе се обиде да ја добие поддршката од членството, како што истакна, се темели токму на сугестиите, размислувањата и на барањата добиени од терен.

„Програмата се темели на информации сугестии, барања што ги слушнав од наши членови на честите средби што ги имав изминатиот период. Тие јасно укажаа што сметаат дека треба да се промени во партијата и сите тие мислења ќе бидат вклучени во програмата“, рече Филипче и упати порака до членството и поддржувачите дека ќе биде постојано достапен, дека ќе работи напорно и дека резултатите од неговата и работата на неговиот тим ќе бидат видливи многу брзо.

Tags: СДСМФилипче
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ