• Latest

Филипче: Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

June 6, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

June 6, 2018 12:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната манифестација „Здрави заби, блескава насмевка“, што се одржа во ОУ „Петар Поп Аросов“, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните десет години. 

На манифестацијата беше наведено дека резултатите од анализата на Стратегијата, со која беа опфатени 93 отсто од децата до 14-годишна возраст во Република Македонија, покажале дека просекот на бројот на кариозни заби кај таа група во 2007 година, кога е започната Стратегијата, изнесувал 6,8, додека во 2017 година, при завршувањето на Стратегијата тој просек изнесувал 1,9.

– Заклучно со 2017 година заврши имплементацијата на 10-годишната Стратегија за унапредување на оралното здравје што покажа одлични резултати, кои ги промовиравме како во регионот, така и во останатите европски земји. Секако врз основа на тие резултати изработивме и нова Стратегија што ќе продолжи да се имплементира од оваа година во следните 10 години, истакна Филипче.

Тој посочи дека Министерството за здравство спроведувањето на Стратегијата го извршува во координација со Стоматолошкиот факултет и Стоматолошката комора, како и сите превентивни тимови кои работат во Здравствените домови во Македонија.

– Се надевам дека и со следната 10-годишна Стратегија ќе добиеме одлични резултати и уште повеќе ќе го унапредиме оралното здравје во Република Македонија. Кариесот остана еден од позначителните проблеми, посебно на детска возраст, поради тоа во новата Стратегија на таа проблематика ставаме посебен акцент, нагласи министерот за здравство.

На манифестацијата д-р Весна Јовановска објасни на кој начин децата во основните училишта се едуцираат во однос на оралното здравје, а дел од учениците од ОУ „Петар Поп Арсов“ одржаа претстава со моќна порака за грижата за оралното здравје. (МИА)

Tags: здравствоФилипче
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ