• Latest

Филипче: Размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран

July 20, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран

July 20, 2021 12:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата не е задолжителна, но во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функционира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за да се врати животот во нормала.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев извршија увид на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

-Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антиваксинална кампања. Исто како што се соочивме пред две години кога беше актуелна пандемијата со морбили. Меѓутоа, тогаш како инструмент ја имавме на располагање вакцинацијата и веднаш интервениравме и се сузбие епидемијата, за не цели шест месеци значајно се зголеми опфатот на вакцинација. Тогаш воведовме забрана децата да се примаат невакцинирани во градинки и во училишта, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

И тоа, како што рече, треба да е еден знак и показател што значи и какво моќно оружје е вакцината во борба против пандемијата.

Министерот Филипче информира дека ги следат трендовите насекаде во регионот и додаде дека некоја голема разлика во опфатот со вакцинација нема.

-И тука се сите земји. Кај нас близу 450.000 граѓани веќе се вакцинирани, од нив 270 илјади се ревакцинирани. Има разлика по градовите. Најголем опфат има во поголемите градовите, 30-тина отсто во Скопје, 40 отсто во Битола и во Охрид, во другите градови помалку. На пример во Куманово 30 отсто. Тоа е една детална табела што денеска ќе ја споделиме, рече Филипче.

Министерот Филипче најави дека ќе продолжат да го одржат системот со вакцинација вака активен како што е сега: сите пунктови за вакцинација да се отворени, граѓаните се пријавуваат без термин, никој да не се врати и нагласи дека вакцини има сосема доволно.

Тој соопшти дека теренската вакцинација ќе оди по систем на ротација. Тоа значи ако некое место е поминато, кога ќе се поминат сите други места околу тој здравствен дом, ќе се повтори циклусот.

-Отворени се вакциналните пунктови за деца. Околу 1 800 деца се пријавени, а околу 500 веќе се вакцинирани. Меѓутоа сето тоа не е процент што може да не заштити од нов бран. Граѓаните треба да се свесни дека ако не се вакцинираат има сериозно голема шанса да заболат од болест предизвикана од вирус кој многу веројатно ќе ги смести во болница и многу веројатно има голема шанса да имаат компликации. А го имаат овој механизам, инструмент да се вакцинираат и да се заштитат, нагласи Филипче.

Министерот за здравство информира дека сега е актуелен индискиот сој на вирусот, а во последната недела се детектирани уште пет случаи, од кои три во Скопје, по еден во Тетово и во Куманово, од вкупно осум анализирани. Додаде дека тој не е ексклузивен, ги има и другите соеви.

-За сите соеви, за сите мутации на вирус, вакцината е единствениот спас и мора граѓаните да се свесни дека тоа е начинот на кој ние можеме да ставиме крај, нагласи Филипче.  Информира дека во овој момент прават анализи колку се вакцинирани секторите. Во здравствениот сектор има прилично висок процент, над 85 отсто, од вработените во градинките над 50 отсто, или 54-55, и еднакво толку во основните и во средните училишта.

Најави дека сега ќе почне интензивна комуникација меѓу министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика и директорите на институциите за повторно да разговараат со своите вработени и да ги упатат на вакцинација.

Прашан колку граѓани во земјава треба да се вакцинираат со две дози, Филипче рече дека тоа треба да биде прилично висок. Појасни дека со новите агресивни соеви на вирусот, како што е индискиот, кој брзо се шири, а во некои земји има резултати кои укажуваат дека висок процент од заразените се невакцинирани, но може да се заразат и вакцинирани, со тоа што ќе имаат полесна форма на болеста.

-Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да биде вратен се со цел да имаме нормален живот, нагласи Филипче.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ