• Latest

Филипче: За прв пат во 30 години, Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата кон ЕУ

September 26, 2024

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: За прв пат во 30 години, Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата кон ЕУ

September 26, 2024 16:07
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата, изјави на прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче, откако амбасадорите на државите-членки на ЕУ вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите и да се раздвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија.

„Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување на втората фаза за преговори со ЕУ и отворање на првиот Кластер. Раздвојувањето е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал по оваа нова пропуштена шанса, ќе се одрази на многу семејства, и на уште една цела нова генерација, рече Филипче, додавајќи оти „ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на граѓаните им сервирале една голема изборна измама и оти преку куп лаги и манипулации тие се обиделе да ја скријат вистинската намера, а вистинската намера е, како што рече Филипче, дека ниту имаат план, ниту сакаат државата да напредува и да се развива во и кон ЕУ.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага дека ќе направат се за да ја подобрат позицијата на Македонија во однос на почетокот на преговорите. За жал од сето тоа што го најавуваа, не гледаме никаков обид нешто да се направи. Ако било што успее да се направи и да се подобри нашата позиција во процесот на преговори, ние тоа ќе го поддржиме. Но нашите информации од состанокот во Брисел на премиерот со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на премиерот јасно му било кажано дека ништо во Преговарачката рамка не може да се промени, и дека не можат да се спроведат уставни измени со одложено дејство“, нагласи Филипче.

Тој ја запраша власта кој е планот и кои се роковите за евроинтеграциите.

„Кои се роковите на планот, ако воопшто го има? До кога нема да преземате одговорност и чесно да кажете што ќе се случува со оваа земја? Сега Македонија останува изолирана без јасен план и стратегија, како ќе продолжиме напред. За само сто дена, Владата ја закопа последната надеж, дека тука некогаш подобро ќе се живее. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за ширење на популизам и лажен патриотизам, носат само меѓународна изолација, економска стагнација и внатрешни тензии“, рече тој.

Лидерот на СДСМ нагласи дека за првпат по 30 години откако државата го започна својот пат кон ЕУ, Владата сама себе се блокирала.

„Стравот од кои било идни блокади е сам по себе блокада. Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата, додека сите не плаши со некакви идни можни блокади. Овој апсурд не е виден никогаш во политичката историја, но и се повторува периодот од 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Тогаш од лидери на евроинтеграции, сега паднавме на последно место. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се цунами за Македонија. Влада без чувство за одговорност, лидерство, грижа и за граѓаните“, рече Филипче.

Најголема трагедија, според него, е што ВМРО-ДПМНЕ сака повторна билатерализација на европските преговори и спорот со Бугарија.

„Треба на сите да им е јасно – спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од таков, да го внесеме во рамки на преговорите. Ние веќе не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Целта е повторно да се отвори билатерален проблем. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација? Свесен ли е дека ќе добие само полош договор. Свесен е но тоа очигледно е и целта“, оцени Филипче.

Тој изрази уверување дека со промена на Уставот што е понатамошен услов во Преговарачката рамка ништо нема да изгубиме.

„Напротив, ќе добиеме. Тоа е единствениот начин да се заштитиме од натамошни барања и уцени. Тоа е единствениот начин веќе за секој проблем со кој ќе можеме да се соочиме во иднина, да биде решаван во рамки на ЕУ, пред сите членки, а не само Бугарија. Тоа е начинот да нема веќе билатерализација на проблемот. Со почеток на разговорите ние веќе никогаш да преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. И тоа е гаранција за нашиот пат кон членство“, истакна претседателот на СДСМ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ