• Latest

Филиповска-Грашкоска: Инспекторатите засилено на терен, затворени 5 угостителски објекти во Скопје, непочитувањето на владините мерки строго се санкционира

April 15, 2020
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филиповска-Грашкоска: Инспекторатите засилено на терен, затворени 5 угостителски објекти во Скопје, непочитувањето на владините мерки строго се санкционира

April 15, 2020 13:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, за периодот од 9-13 април. Притоа за овие пет дена соопшти Филиповска-Грашкоска од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.319 надзори.

„Државниот пазарен инспекторат во периодот од 9-13 април направи 514 контроли од кои еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а останатиот на контроли на замрзнатите цени на одредени производи. Притоа се затворени вкупно 5 угостителски објект сите во Скопје, а од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа. Државниот пазарен инспекторат изминатите пет дена интензивно ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи и на други локации при што се забранети за употреба 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и Куманово“, рече Филиповска-Грашкоска.

Претседателката на Инспекцискиот совет истакна дека инспекторите од пазарниот инспекторат се постојано на терен и ги контролираат малопродажните и големопродажните објекти. Констатацијата е дека поголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнатите цени, а на оние кадешто е забележано зголемување им се наложува да ги вратат цените како на 11 март.

Филиповска-Грашкоска рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 9 до 13 април спроведе вкупно 162 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари.

„Притоа издаде вкупно 2 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна. Исто така издадени се и вкупно 19 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба, а изречена е и една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок“, рече Филиповска-Грашкоска.

Претседателката Филиповска-Грашкоска истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 9-13 април реализираше вкупно 446 контроли при што се донесени 7 решенија и 9 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Поголемиот дел од овие надзор се поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни.
Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од КОВИД-19.

„Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 9-13 април направи вкупно 85 надзори. Притоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50% намален капацитет, односно за преполовен број на патници. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини“, рече Филиповска-Грашкоска.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, рече Филиповска-Грашкоска, во периодот од 9-13 април спроведе вкупно 77 надзори. Исто така, во овој период издадени се 179 дозволи на транспортери професионални возачи. Овие дозволи се неопходни за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус.

МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 35 контроли. При тоа е констатирано дека нема специфични отстапувања. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите на МАЛМЕД продолжуваат да ја следат состојбата секојдневно на терен.

„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат засилено да работат на терен. Нерегуларностите и непочитувањето на владините мерки и препораки најстрого ќе се санкционираат без исклучоци. Овие мерки се донесени со цел да се сочува јавното здравје и мора да се почитуваат. Апелирам за одговорност од секое правно лице, секој поединец бидејќи само така можеме да се избориме со ширењето на заразата“, рече Филиповска-Грашкоска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ