• Latest

Филков обвини дека Лога си го зел документот од Оценската мисија на Европската комисија, ексминистерот вели дека министерот за правда е недостапен да му го предаде

October 16, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Филков обвини дека Лога си го зел документот од Оценската мисија на Европската комисија, ексминистерот вели дека министерот за правда е недостапен да му го предаде

October 16, 2024 18:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција рече дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда. Нагласи дека за ова во тек е постапка и дека ќе се бара одговорност. Посочи дека го презел Министерството без примопредавање и со испразнет кабинет од потребната документација, но со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секој во количина од над 200 парчиња. Фактурата за сите овие работи била во износ од 956 илјади денари, но неплатена.

Поранешниот министер за правда Кренар Лога преку објава на Фејсбук информира дека писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат и дека едниот дел од писмото било наменето за јавност, а другиот дел бил класифициран.

– Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на Мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски, напиша Лога на Фејсбук.

Изјава на министерот за правда Игор Филков. 

Според Лога, со Министерството за правда раководи Радица Лазареска Геровска, а министерот Филков е само потписник. Во однос на примопредавањето, Лога наведува дека во тој период бил на семеен одмор за што добил решение од Владата.

– Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав г. Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку Кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот Кабинет од својата шефица на Кабинетот, која не му дозволува да комуницира. За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една банална реченица “и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право” се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица, напиша Лога.

За возниот парк, како што пишува, е ист со оној што го користеле и претходните министри, а тврди и дека Министерството било оставено без долгови. За вработените во подрачните канцеларии за бесплатна правна помош, посочува дека се исти повеќе години.

– За сите овие тврдења, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари, вели Лога.

Тој го повика министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или како што вели „со учество на госпоѓа Радица од негова страна“, напиша Лога на Фејсбук.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ