Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, по завршувањето во Скопје, продолжува со патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија.
На 14 и 15 ноември во Струмица ќе се одржи „Џифони патува во Струмица“, на кој ќе присуствуваат околу 600 ученици, а фестивалот ќе го отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Во текот на двата дена младите ученици ќе ги гледаат филмовите и ќе дебатираат под водство на актерката Оливера Аризанова Мансабарт, која ќе биде ментор на актерската работилница.
Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје.
A. П.