• Latest

Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на фирмите да добијат пари од владините мерки

April 11, 2018

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на фирмите да добијат пари од владините мерки

April 11, 2018 12:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на компаниите да подготват квалитетен проект со кој ќе може да конкурираат за добивање неповратни средства со повикот што треба да го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на крајот на месецов, со што почнува примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.

– Во соработка со  УСАИД и други организации ФИТР  работи на премостување на јазот помеѓу реалните финансики потреби на компаниите и можностите што ги нуди Планот и на она што го проценивме како  ризик во однос на тоа колку компаниите можат да подготват квалитетни апликации, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР, одговарајќи на новинарски прашања на денешната работилница  во рамки на Проектот за подобрување на деловниот еко систем, во организација на УСАИД.

Како што потенцираше, Фондот за иновации од пред две недели нуди стручна поддршка за компаниите за претстојниот повик и има интерес. На дневна основа има по десетина обраќања за информациии за владините мерки од фирми од различни области.

– Целта е да се добијат  голем број квалитетни апликации и да може да бидат доделени сите предвидени средства  од третиот столб, во износ од 10,5 милиони евра,  рече Деспотовски.

Управниот одбор на ФИТР веќе ги усвоил правилниците со критериумите за користење на парите за бизнисот и по добивање согласност од Владата, според Деспотовски, од 20 до 25 април треба да биде објавен и повикот.

Како што укажа Мирјана Македонска, директор на Проектот за развој на деловниот еко систем, пред финансиските олеснувачи ќе бидат претставени сите можности што им се нудат на микро, малите и средните претпријатија.

– Мошне често проблемот со кој се соочува стопанството се несоодветните пласмани преку финансиксите институции, а што доведуват до проблеми на самиот бизнис. Мерките кои ги воведува Владата треба да се комплементарни со она што фирмите можат да го искористат преку традиционалните извори  на финансирање и затоа е важно  финансиските олеснувачи кои работат во рамки на нашиот проект да бидат добро информирани со се што е на располагање за приватниот сектор, изјави Македонска.

Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалес, исто така укажа на информацискиот јаз помеѓу она што им е потребно на компаниите како финансиски производ и она што се нуди на пазарот. И кога им се нудат такви можности, наведе, повеќето немаат капацитет и експертиза потребни за успешно идентификување и пристап до нив.

– Со поддршката од финансиските олеснувачи компаниите имаат многу поголема веројатност правилно да ги идентификуваат своите финансиски потреби и да пристапат кон финансирање од традиционалните и нетрадиционални извори, оцени Гонзалес.

Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој и на агенциите за вработување и за промоција на претприемништвото на работилницата ги претставија сите можности за финансиска поддршка со заеми, грантови и активни мерки за почнување или развој на бизнис.

[divide]

Извор: МИА

Tags: МакедонијаОлеснителни меркифинансиифирми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ