Финската крајбрежна стража го пресретна и се качи на рускиот брод „Орел С“ во водите на Финска по сомневањата за нејзина вмешаност во нападот на подморскиот кабел за напојување Естлинк 2. Капетанот на бродот е главен осомничен за инцидентот, објави Вишеград 24 на 26 декември.
BREAKING:
The Finnish Coast Guard has taken the Russian shadow fleet vessel ”Eagle S” to Finnish waters and boarded it.
The vessel’s captain is the main suspect of yesterday’s attack on the undersea power cable Estlink 2.
🇫🇮🇪🇪🇷🇺 pic.twitter.com/Z2FiDC1mHk
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 26, 2024
Финските граничари го придружуваа бродот до брегот на Поркала.
Како што пренесува united24mediа, бродот под знамето на Куковите острови превезувал нафта од Русија до Египет и е дел од руската флота во сенка. Танкерот бил забележан на место каде што бил поставен кабел, бродот значително забавил кога било откриено дека пречи на Estlink 2.
Нападот, кој се случи на 25 декември, го прекина снабдувањето со електрична енергија меѓу Финска и Естонија, исклучувајќи го кабелот Естлинк 2 од 658 мегавати. Само постариот кабел Естлинк 1, со капацитет од 358 мегавати, останува оперативен меѓу двете земји, оставајќи ја енергетската врска напната.
Претходно, се појавија извештаи дека за време на прекинот на естонско-финскиот подморски кабел за струја EstLink 2 на 25 декември, контејнерскиот брод Xin Xin Tian 2 под знамето на Хонг Конг, наводно, минувал над кабелот додека бил на пат од Санкт Петербург.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас го нарече инцидентот „уште еден во низата сомнителни напади на критичната инфраструктура“ и ги пофали финските власти за „нивната брза акција“ во истрагата на сомнителниот брод.
Електричниот кабел „Естлинк-2“, кој ја пренесува струјата од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата. Поправката на 170 километри долгиот подморски интерконектор „Естлинк-2“ ќе трае со месеци, а оштетувањето на овој кабел би можел да предизвика потешкотии во снабдувањето со струја во текот на зимата, соопшти финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „Fingrid“.
Д. Мишев