Градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јаоски од редовите на ДУИ, преку неговата фирма „Пуцко Петрол“ добил тендер од 944 милиони денари или над 15.349.593 евра, со кој, во наредните две години ќе го снабдува со нафта ЈСП Скопје.
Критериум за добивање на тендерот била најниската цена. Договорот помеѓу ЈСП и „Пуцко Петрол“ бил склучен на 21 јуни, а поставен е на 26 јуни, на сајтот на Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии.
Инаку, „Пуцко Петрол“ во изминатите години добивал тендери за одржување со нафта на неколку државни институции, како Царинска управа, МВР, Министерство за одбрана, итн.
Ова е една од поголемите јавни набавки што ја добива владиниот партнер ДУИ.
Откако Петре Шилегов стана градоначалник на Град Скопје, за директор во ЈСП Скопје е поставен Кристијан Чушков.
Д. Муратов