• Latest

Фон дер Лајен: Почитувани Македонци, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа

July 14, 2022
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фон дер Лајен: Почитувани Македонци, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа

July 14, 2022 14:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани Македонци, внимателно ја слушав загриженоста во однос на македонскиот јазик и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.

–  Принципот на самоидентификација е особено важен за секој од нас. Може да сметате на мене како претседател на ЕК дека ќе осигурам процесот за пристапување строго да ги почитува европските принципи и стандарди, нагласи Фон Дер Лајен.

Добрососедските односи и меѓународната соработка се дел од ДНК на европската интеграција.

–  Дозволете да ве уверам уште еднаш. Билатералните прашања како што е толкувањето на историјата не се услов во пристапните преговори, рече Фон дер Лајен.

Некои велат, би било подобро да се чека подобар договор од тој што го претстави Франција и секако дека тоа е ваше право да го направите.

– Но, размислете колку упорно се обидувавме да стигнеме до овде преку последователни претседателства Германија, Португалија, Словенија и сега Франција. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност, додаде таа.

Со отворањето на оваа врата, според Фон дер Лајен, сега Северна Македонија се зајакнува себеси со тоа што е во преговарачкиот процес наместо надвор од преговарачкиот процес.

– Бидете уверени дека Комисијата секогаш била покрај оваа држава, на ваша страна, продолжува да го прави тоа и да стои на ваша страна и ќе продолжи да биде таму со вас и утре, и задутре и во сите денови коишто доаѓаат. Убедени сме дека ова е од историско значење, но одлуката е ваша и само ваша, изјави Фон дер Лајен.

На крајот на краиштата, дека станува збор за патот што вие го избравте. Како што го избравте и претходно со Охридскиот рамковен договор, со Договорот од Преспа, со градењето на вашата енергична демократија, посочи таа.

На седницата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата, како и високи претставници од земјава и странство.

По завршување на седницата, Собранието ќе ја одржи и 81-та пленарна седница, на која пратениците ќе расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ