Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за Танјуг изјави дека постои многу јасен и посветен план за деескалација на ситуацијата на Косово – патоказ на кој двете страни работеа претходно оваа година, пренесува МИА напис на „Политика“.
– Ги повикувам двете страни на деескалација и да се придржуваат до патоказот. Тоа е апсолутно клучно за да се оди напред на мирен начин, рече претседателот на ЕК коментирајќи ја ситуацијата на северот на Косово.
Во пресрет на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, фон дер Лајен посочи дека е јасно оти и Белград и Приштина мора да го почитуваат она што е договорено во Охрид.