Вкупно 16 решенија одбра Фондот за иновации на јавниот повик “Креатон – остани дома” со кои институцијата се вклучува во борба со последиците од коронавирусот.
Во рок од 2 недели, апликациите ќе бидат достапни за граѓаните. Од над 500 пристигнати апликации, околу 150 влегоа во финална фаза, од кои беа одбрани 16.
Директорот Јован Деспотовски рече дека е задоволен од предлозите и дека добиле квалитетни решенија во делот на медицината, поддршка за претпријатијата, лажни вести, користење слободно време.
П. К.