• Latest
Photo by Matthew Henry on Unsplash

Фондацијата „Шер“ алармира: Србија ќе стане првата земја во Европа со постојан биометриски надзор на граѓаните

September 23, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Фондацијата „Шер“ алармира: Србија ќе стане првата земја во Европа со постојан биометриски надзор на граѓаните

September 23, 2021 12:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Matthew Henry on Unsplash

Photo by Matthew Henry on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Доколку се усвојат одредбите за масовен биометриски надзор, коишто се содржани во нацрт-законот за внатрешни работи, Србија ќе стане првата земја во Европа што спроведува постојан, неселективен надзор на граѓаните во јавниот простор, алармира Фондацијата „Шер“ од Белград.

Во Србија заврши јавната расправа за нацрт-законот, со што веќе е почната официјалната процедура за регулативата за масовниот надзор на јавните простори. Тоа предвидува напредни технологии што овозможуваат прибирање и обработка на голем број податоци за некоја личност во реално време, со софтверски алатки за препознавање ликови.

„Технолгиите што на тој начин би се ставиле на располагање на полицијата извонредно многу навлегуваат во приватноста, со потенцијално драстични последици за првата и слободата на луѓето и несогледливо влијание на демократското општество. Поради тоа Обединетите Нации и Европската Унија веќе зазедоа став против масовен биометриски надзор во работата на полицијата и другите безбедносни служби на државата“, порачува „Шер“.

Оттаму објаснуваат дека во јавната расправа доставиле правни коментари на одредбите со коишто се регулира масовниот биометриски надзор и од надлежните побарале без одлагање да се прогласи мораториум на употребата на такви технологии и системи на територијата на Србија.

Со спорните одредби се предвидува воспоставување систем на масовен биометриски надзор низ Србија без да биде утврдена неопходноста на предложената мерка за сите граѓани постојано да се третираат како потенцијални криминалци преку претерано навлегување во приватноста на нивните животи. Посебно загрижува отсуството на детална проценка на влијанијата што примената на тотален биометриски надзор може да ги има на ранливите социјални групи, но и на новинарите, граѓанските активисти и другите чинители на демократското општество, алармира фондацијата.

„Шеар“ известува и дека во јавната расправа се приклучиле и други домашни и меѓународните организации што се противат на употребата на современите технологии на штета на општеството. Меѓу другите, реагирала и европската мрежа European Digital Rights (EDRi), која вклучува 45 организации и бројни експерти за дигитални права.

Во писмото од ЕДРИ до владата на Србија и до министерствата за внатрешни работи и за правда се вели дека одредбите со коишто се предвидува воспоставување систем за масовно прибирање, обработка и автоматска анализа на биометриски и други сензитивни податоци за личноста се неспоиви со гаранциите во Европската конвенција за човекови права, којашто Србија ја ратификувала во 2004 година.

„Предлот за нови закон за внатрешни работи изработен од владата на Србија претставува обид практиките за масовен биометриски надзор да се озаконат, со што би се овозможило навлегување во приватните животи на граѓаните и посетителите на Србија во размер што нема преседан. Додека организациите и агенциите за човкови права и заштита на личните податоци од ЕУ и од светот повикуваат на заштита на луѓето од штетните употреби на техноогијата, Србија се движи во опасен, спротивен правец“, се вели во писмото на Диего Наранхо од ЕДРИ, чија што членка е и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Северна Македонија.

Реагирала и Гвендолин Делбо – Корфилд, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените. Таа порачува дека примената на вакви интрузивни технологии дополнително ги ограничува правата на сите луѓе што живеат во Србија, како и дека ваквите техноогии ја зголемуваат дискриминацијата на којашто се изложени маргинализираните групи, пренесува Мета.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ