• Latest
Фото: МНР

Форум во МНР: Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина    

December 19, 2022
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Форум во МНР: Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина    

December 19, 2022 15:16
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Фото: МНР

Фото: МНР

Share on FacebookShare on Twitter

Во коорганизација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа форум на тема “Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина”, информираат од МНР.

На настанот свои обраќања имаа министерот за надворешни работи. Бујар Османи и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.

Османи во своето излагање се осврна на актуелните политички и безбедносни предизвици во регионот и пошироко, посебно околу Украинската криза, но и кон другите поважни прашања кои имаат непосредно влијание и го загрозуваат светскиот мир, безбедност и стабилност.

“Во ова неизвесно и комплексно време за нас од особена важност е навремено да ги лоцираме можните безбедносни предизвици и закани и да вложиме максимален напор во насока на барањето на брзи, квалитетни и ефикасни решенија, како и да ги обезбедиме сите потребни механизми и средства за  соодветна и навремена заштита на независноста, суверенитетот, интегритетот, безбедноста и другите суштински вредности на нашата држава и нејзините граѓани,” истакна Осмaни.

Воедно, Министерот ги истакна и актуелните меѓународни политички и безбедносни предизвици кои се поврзани со информатичката безбедност и порастот на сајбер криминалот, недоволната решителност во имплементацијата на договорените активности и мерки во борбата со климатските промени и одржливиот развој, анемичната промоција на политиките за почитување на човековите права и слободи, родовата еднаквост, слободата на изразување и останатите фундаментални права.

Османи истовремено ја потврди силната подготвеност за почеток на нашето претседавање со ОБСЕ, ПСИЈЕ и А5 (САД-Јадранска повелба), интензивирање на процесот на пристапни преговори со ЕУ и градење на добри билатерални, регионални и мултилатерални односи, а кои во целина ќе влијаат позитивно во насока на целосно исполнување на надворешно политичките приоритети на земјата.

Во фокусот на овој форум исто така беше и побрзото, транспарентно и квалитетно дефинирање и донесување на сеопфатна Стратегија за надворешна политика “Рефлексија 2030”.

Со свои видувања, размислувања и ставови активно се вклучија и членовите на Стратешкиот совет на Министерството, како и професори и студенти од Филозофскиот факултет.

Tags: безбедностВојна во УкраинаМНРпредизвицифорум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ