• Latest

Фотографии за зголемување на видливоста на сексуалните и родовите малцински групи

April 5, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фотографии за зголемување на видливоста на сексуалните и родовите малцински групи

April 5, 2017 12:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во партнерство со „ЛГБТИ – Центарот за поддршка“ и „ЛГБТ Јунајтед“ од Тетово, ги повикуваат граѓанките и граѓаните да се пријават на курсот за фотографија за зголемување на видливоста на сексуалните и родовите малцинства. 

Курсот ќе се одржува во текот на викендите (во сабота и недела), во периодот од 20 април до 20 мај во Скопје. Предавањата и работилниците на курсот ќе ги водат Драшко Костовски, Жарко Чулиќ, Томислав Георгиев, и Славчо Димитров. Под менторство на предавачите, во текот на курсот, секој учесник ќе работи  на развивање на авторски и иднивидуален фотографски проект.

Фотографиите снимени за време на курсот ќе бидат изложени во рамките на фестивалската програма на овогодишниот „Викенд на гордоста Скопje 2017“.

Организирањето на курсот има за цел да ја зголеми видливоста на сексуалните и родовите малцински групи и индивидуи и да ја намали нивната дискриминацијата и стереотипното претставување во втемелената култура и медиуми.

Курсот ќе им овозможи на лезбејките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите, интерсексуалните и квир лицата да стекнат познавање, вештини и капацитети за себе-претставување и изразување на сопствените искуства, култура и практики, како и за подигање на свеста за негативните стереотипи и за искуствата на насилно однесување, кои не се вклучени во доминатните медиумски визуелни содржини и културни политики.

Посебен акцент во текот на курсот ќе биде ставен на користењето на фотографијата како средство за граѓански активизам и социјална критика. Предност во селекцијата на учесниците во курсот ќе имаат лицата од ЛГБТИ заедницата, но повикот е отворен и за сите лица кои се идентификуваат во квир спектарот, или пак лица кои едноставно имаат интерес и желба за покривање на квир теми.

Курсот за фотографија е дел од „Проект на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија“.

Tags: конкурсЛГБТИфотографија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ