Француското здружение на новинари го прогласи тимот на “Новаја Газета“, на чело со главниот уредник Дмитриј Муратов, за најдобри новинари за 2022 година. Ова беше објавено на веб-страницата на наградата Assises Internationales du journalisme, пренесува Новаја газата.еу.
Наградата е доделена на публикацијата „за борбата за слобода на говор во Русија“.
Гран при се доделува секоја година на медиум кој покажал посветеност на вредностите на независното новинарство.
Единствениот алтернативен извор на информации за руските затвореници долги години беше весникот “Новаја Газета“. Како живеат сега без неа?
На крајот на 2021 година, главниот уредник на Новаја Газета, Дмитриј Муратов, ја доби Нобеловата награда за мир за „напорите да се зачува слободата на мислата како неопходен услов за демократија и траен мир“. Тој стана првиот граѓанин на Руската Федерација кој доби ваква награда. Пред ова, наградата за мир беше доделена на физичарот и борец за човекови права Андреј Сахаров (1975) и првиот претседател на СССР Михаил Горбачов (1990).
Подготви: Жорж Димовски