• Latest
Фуркан Салиу

Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

April 10, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

April 10, 2024 15:48
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фуркан Салиу

Фуркан Салиу

Share on FacebookShare on Twitter

– Вчера на емисија на национален медиум Драган Павловиќ Латас го поздрави насилството врз мене. Денеска Г. Москов бара да ми се запамети лицето од страна на ЕБР, пишува во објава на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу.

– Ако утре нешто ми се случи на мене, одговорите треба да ги барате кај Љупчо Москов и Драган Павловиќ Латас како и кај Министерот Тошковски, нагласува Салиу.

„Љупчо Москов, познат за внатрешната контрола при МВР. Вработен во МВР, а според информациите од наши извори откако е дојден техничкиот министер поставен е на повисока функција. Со скриншот на група каде што има над 7300 членови, припадници на полицијата, вклучително и припадници на ЕБР директно повикува на насилство. Бара од полицајците да ми се памти лицето и да не ми се заборави. Ме прикажува мене како непријател на полицијата, имплицира дека сум нечиј платеник и дека работам против државата. Замислете, полицаец кој што треба да не заштитува повикува на насилство, си тера политика а па обични смртници вработени во МВР не смеат да објават слика со членови од потесното семејство“, пишува Салиу.

Скриншот објавен од Салиу

Тој апелира до припадниците на специјалната едница ЕБР да не дозволат да бидат манипулирани

„Драги припадници на ЕБР, не знам колку пати во овие 9 години вие сте ме спасиле од ситуации во кои што ми бил загрозен и животот. Вие ме спасивте на 27 април. Ме спасивте и во Лојане и многу други ситуации каде што ни помогнавте. Не дозволувајте да ве манипулираат. Не сте вие против граѓаните. Вие сте граѓаните Не сме ние новинарите против вас, туку сме против некој што од некоја канцеларија ве користи за да се богати полесно на ваш и на наш грб. ЕБР е мултиетничка единица и таа е сликата која што најдобро го опишува нашето општество. Припадниците на ЕБР не сносат никаква вина што во некои оперативци во канцеларии не пресметале добро што би можело да се случи на терен“, вели Салиу.

Новинарот Салиу вели дека за ова е информиран и неговиот адвокат.

„Ова насилство, ова безредија во најава не само што никој не го спречува туку со пасивноста се поттикнува.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! НАРОДОТ, ПОЛИТИЧАРИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ЖИВЕАТ И ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ!“, пишува во објавата Фуркан Салиу.

Принтскрин од бруталното апсење на новинарот Салиу: Не можам да дишам!

Новинарот и основач на ПорталХ, Фуркан Салиу на 7 април беше уапсен во брутална акција на специјалната полициска единица.

Настанот се случил во село Коњаре, по фудбалскиот натпревар Коњаре – ФК Куманово во Третата лига на земјава, објави Portalx.

Салиу, вечерта во објава на фејсбук страницата од порталот ПорталиХ, пиша дека е задржан во полицисака станица. Тој рече дека не нападнал полициски службеник што можело да се види од снимки кои биле избришани во полициската станица. Доцна вечерта е пуштен на слобода. На рацете имаше траги од лисиците и мали повреди од чинот на апсењето, пишува Мета.мк.

Следеа бурни реакции по бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу: ЦИВИЛ, ЗНМ, Маричиќ, Таравари, Битиќи, СДСМ…

Салиу беше приведен, како што изјавија од МВР, за напад на службено лице, а оттаму изјавија и дека во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

Тој негира дека нападнал полициски службеник и смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата почнала да тепа недолжно момче на фудбалски натпревар, на кој настанал тотален хаос, а според него, МВР имало лоша координација. Салиу додаде дека поседува дозвола за пиштолот, кој е пронајден расклопен во неговиот автомобил при полициски претрес по инцидентот, во негово отсуство.

ПорталХ вчера објави нова видео снимка од апсењето на новинарот фуркан Салиу, каде што се слуша како Салиу при апсењето вика: НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ!.

„Како беше уапсен новинарот на ПорталХ? Како пробаа да ги избришат материјалите и да го одземат телефонот? Како Министерот за внатрешни работи ги оправдува постапките на полицијата?“, пишува во објавата од ПорталХ.

Принтскрин од видеото ан ПорталХ

На трети април новинарот Фуркан Салиу приложи во јавноста документ за план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање лажни вести и наместени ТВ емисии.

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, пишува ПорталХ.

ПорталиХ наведува дека го поседува документот подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, потпишан од Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставревски.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео во кое приложи документ, како што наведува, од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборната пропагандистичката машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски. ПорталиХ дојде до изборниот оперативниот план на ВмроДпмне“, пишува во најавата на видеото објавено на Фејсбук на ПорталХ.

Првиот дел како што се наведува е насловен: Македонската радиотелевизија во служба на партијата.

Според Салиу, за помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализирала токму на Јавниот сервис МРТВ преку емисијата „Објектив“.

„Планот предвидува дека дел од емисијата ќе бидат 3 опозициски аналитичари и еден поддржувач на власта. Во него се објавуваат анкети од Институтот ИПИС на Владимир Божиновски, додека планот предвидува Божиновски да биде „награден“ од општините со кои раководи ВМРО ДПМНЕ“, пишува ПортаХ.

ВМРО ДПМНЕ излезе со демант.

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ