Видео од Г. Поповски од Вевчани, како што се претстави, со заканувачки пораки кон премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, се рашири по социјалните мрежи, каде се повика и МВР како надлежни за санкционирање на ваквите дела.
Г-дин Поповски од Вевчани повикува на убиство на Заев и Пендаровски
Оливер, ти си на ред pic.twitter.com/uqyCfJR42y— Dimko (@ddimkooooo) January 4, 2021
Министерството за Внатрешни работи утринава соопшти дека го пронајде и приведе лицето што вчера преку видео на социјалните мрежи им се закануваше на Заев и Пендаровски. Освен за директни закани, како што, известува МВР, истиот ќе се товари и за ширење на расистички материјал.
“Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани. Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица”, соопштува МВР.
При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото.
Лицето кој се преставуваше како г. Поповски во видеото држи шише во форма на крст, најверојатно со ракија, во раце, очигледно алкохолизиран праќа тешки обвинувања и смртни закани по високи државни функционери, посакувајќи им смрт на Заев и Пендаровски.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
А. Зеќири