„Мултикултурализмот и соработката меѓу различни етникуми е суштината на нашата држава и суштината на опшстанокот на македонија и ние мора тоа да го негуваме. Би требало ние како млади да го водиме тој процес, но мислам дека има уште многу засегнати фактори коишто мора да се вклучат за да го зајакнуваме овој дел од нашето живеење и целосно да ги видиме бенефитите од меѓусебната соработка, разбирање и секојдневна комуникација“, изјави Сотир Габелоски, советник во Општина Крушево, на панелот на ЦИВИЛ „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“.
Според Габелоски, дискриминацијата постои кон сите етнички заедници некаде повеќе, некаде помалку, наведувајќи дека ако се земе примерот со Власите, кај нив најмногу е проблемот со самоцензурата, односно да не се декларираат отворено, да не го користат влашкиот јазик…
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети