На денешното доделување на наградите од јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Сотир Габелоски, кој ја освои четвртата награда, за фото веста Крушево: Продолжува злоупoтребата на службени возила за приватни и партиски цели!.
Габелоски како соработник на ЦИВИЛ – Центар за слобода, кој повеќе пати учествува со свои прилози на натпреварот „Биди граѓански новинар“, зборуваше за притисоците и заканите, кои до него ги упатува владејачката партија, поради објавување на проблемите со кои се соочува Општина Крушево. Габелоски, сепак, очекува подобрување на ситуацијата и верува дека еден ден ќе одговараат сите кои ги кршат човековите права и слободи.
Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.