Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк.
Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ беа дел од маршот, споделувајќи ги пораките „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовитe“, „Убавината е во дивирзитетот“, „Љубовта заслужува правда“…
Организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, а парадата завршува кај Школка во Градскиот парк.
Мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите“. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.
Фотографии: Огнен Бошњаковски