• Latest

Галите не нè разгалуваат 

October 16, 2019
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Затишје што не навестува ништо добро

July 23, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Ознаката PRESS може да значи смрт

July 23, 2026

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Галите не нè разгалуваат 

Да бидеме на чисто, француските граѓани не ни се наклонети од едноставна причина што мнозинството не е ни свесно дека постоиме, ама затоа политичката фела совршено добро нè познава и внимателно следи. Франција, Макрон, не може да бидат против нас колку што можеме ние самите да работиме против нашите државни интереси, а за сметка на лични и/или партиски агенди.

October 16, 2019 07:34
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА 

Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Франција датираат од пред четврт век. Некогаш топли, срдечни, друг пат напнати, често со доза резерва и од едната и од другата страна. Двете земји имаат континуирана меѓусебна соработка на повеќе нивоа и на различни ешалони, дел од неа е на завидно ниво, а друг дел плаче за продлабочување, чиј интерес е заеднички.

Во Франција живеам 11 години. И гарантирам дека никогаш, никогаш, на дипломатско и политичко ниво не сме имале повеќе визибилитет и поддршка од сега. Немојте да си ласкате дека Французите не нè сакаат, во повеќе наврати имам кажано дека просто не нè знаат. Поим немаат дека постоиме, оти се лоши географичари. За нив, од Грција до Русија сè е „источна земја“ и често покажувам на мапа од каде доаѓам. Секако, после тоа, ги интригира регионот. Оние што ми се поблиски имаат желба да посетат. Прашуваат што има да се види. И ова е моментот кога ги голтам сите слики од диви депонии и дивоградби, од СМС пораки за лекување на болни, од трескање врати во јавна администрација и пожолтени писма од извршители под прагот на влезната врата на домот на бројни иселеници и активни жители.

За сметка на тоа, буричкам по спомените во кои уште мириса на пресно печен леб, каде флората по природниот закон успева да го наметне своето присуство во атарот со дудинки, каде бетонот е проголтан од тревници (макар и неуредни), каде езерата исфрлаат школки, а не каучи. Кога ќе им ја сетам желбата, баш како кифла во фурна набабрена, се сепнувам и им кажувам да почекаат неколку месеци, да биде погодна сезоната. Муабетот ми е, ние како иселеници, можеме и сакаме да си ја промовираме татковината, сакам да верувам дека такви се задачите и желбите и на политичарите кои опинци искинаа низ светот агитирајќи за датум, заедно со дипломатите. Само, ако дома имаме неред, оние од надвор ќе го видат, преку прозорец или преку оџак, сеедно.

Да бидеме на чисто, француските граѓани не ни се наклонети од едноставна причина што мнозинството не е ни свесно дека постоиме, ама затоа политичката фела совршено добро нè познава и внимателно следи. Франција, Макрон, не може да бидат против нас колку што можеме ние самите да работиме против нашите државни интереси, а за сметка на лични и/или партиски агенди. Дали испорачавме во делот на надворешната политика? Немам ни сенка сомнеж дека е така. Дали испорачавме во делот на внатрешни реформи, меѓу другото, во однос на правосудството, кое е еден од главните предуслови за добивање датум за почеток на преговори?

И покрај сите напори, оваа проблематика останува отворена. И мислам, всушност, поадекватно е да кажам дека се надевам на позитивен расплет, на зелено светло и покрај сè, зашто гледам промена во односот кон нашите политички избраници за време на нивните официјални посети. Има интерес и од страна на медиумите кои редовно ни отстапуваат простор. Ова се позитивни сигнали. Но, во никој случај, тоа не смее да нè олабави. Ако ја добиеме шансата која сметаме дека ја заслужуваме, а објективно гледано, не ни се завршени обврските, ќе мора да се вложат сите достапни сили, за да не биде ова само менување на ходник во кој чекаме со децении. Ако тоа се сфати, ако тоа се прифати и ако на тоа се работи, иднината нема да е брилијантна, ама дефинитивно ќе биде посветла.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ