• Latest
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: Косово е родно место или татковината на моите родители, Северна Македонија е мојата татковина

June 7, 2024
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши: Косово е родно место или татковината на моите родители, Северна Македонија е мојата татковина

June 7, 2024 11:36
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, по три дена извртување на неговото име затоа што рекол дека „Косово му е татковина“, излезе со реакција, нагласувајќи дека негова татковина е Северна Македонија и ова е последен пат да се изјасни за оваа тема.

„Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија“, пишува Гаши на Фејсбук статус.

Лексиколошки грешки

Гаши понатаму пишува дека во јазикот на кој ја дал изјавата, на албански, има сложени именки, а кога се преведува на македонски јазик излегува од контекст.

„Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“. Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја“.

Гаши: Ова е последна изјава за ова тема

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот.

„За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат таа. Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема“, истакна Гаши.

Мицкоски вчера по доделувањето на мандатот од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, рече дека не ја слушнал изјавата на Гаши, но дека тој треба да се извини доколку навистина изјавил дека Косово е неговата татковина.

„Мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично од него дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните на Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, бидејќи од тука тој зема плата и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на македонското Собрание“, рече Мицкоски.

Дерала: За што да се извини Гаши

Главниот уредник на ЦИВИЛ Медиа Џабир Дерала во колумна објавена денеска ја иронизира сета хистерија од изјавата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, опишувајќи го целиот настан како „скандалозно!

„Скандалозно! Претседателот на Собранието, Африм Гаши рекол дека негова татковина е Косово! Па како може така!? Од каде зема плата, каде дошол на власт, пред кого одговара, каде лежи неговата лојалност, преседан, нека си оди во Косово… се слушаат пискотници од сите ќошиња на медиумската џунгла“, пишува Дерала.

Се разбира, Мицкоски мандатарот, веднаш се истакна или барем медиумите, речиси без исклучок, му го дадоа вообичаеното најистакнато место. Тој побара од Гаши да се извини, „ако така рекол“. Точно така, Мицкоски од Гаши побара да се извини, ако рекол дека негова татковина е Косово.

Дерала по натаму прашува за што да се извини Гаши? За потеклото? Дека е загрижен што се случува со државата од која потекнуваат неговите родители, а патем е наша соседна држава? Или треба да се извини што до 1991 година немало граница меѓу двете држави, тогаш федерални единици на една поголема држава?

Н. Абдурахмани

 

 

 

Tags: Африм ГашиКосовоХристијан Мицковски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ