• Latest

Гаши: Штом албанската опозиција си подаде рака, кулата од карти на корупција и криминал на ДУИ е веќе срушена

July 31, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Гаши: Штом албанската опозиција си подаде рака, кулата од карти на корупција и криминал на ДУИ е веќе срушена

July 31, 2023 12:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Моите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владеачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат, вели во интервју за „Локално“, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи како што истакнува, тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на децата и младите, кои чекаат од нив обединување, одлучност и политичка понуда.

Порачува дека и да има некое влијание од Исток, како од Русија или Кина, за спречување на евроинтеграцискиот процес, тоа не треба да не заплаши, бидејќи нашето општество е цврсто определено за западниот курс.

Идентитетот на секој народ може да се загрози само од припадниците на тој идентитет. Со „францускиот предлог“ ниту се загрозува, ниту се засилува македонскиот идентитет. Македонците се посебен народ, со свој јазик, свое писмо и култура независно од тоа како тоа се перципира од другите. Јас мислам дека нема потреба за никакви декларации, бидејќи таквиот начин на однесување покажува инфериорност и слабост, оценува претседателот на Алтернатива за поднесената Декларација на СДСМ до Собранието во однос на Илинден.

За борбата со корупцијата и излезот од лошата ситуација, Гаши смета дека е потребно целосно редефинирање на правосудниот систем под покровителство на правните институции на САД и Европската унија.

Се друго, за жал, е само губење време и глумење на борба против корупцијата, порачува лидерот на Алтернатива.

Околу очекувањата од здружувањето на албанската опозиција и дали е тоа доволно да се урне „вечната” ДУИ, Гаши смета дека албанската опозиција во Република Северна Македонија е политички фактор кој не може да биде рамнодушен кон севкупните државни и национални интереси.

-Знаеме дека евроинтеграцискиот процес тапка на место, а владата е во трагање на „дежурен виновник“ на место да трага за начини како да се унапреди овој процес, како да најде сојузници и поддржувачи. Од друга страна, во албанскиот политички кампус секој ден гледаме коруптивни афери на највисокиот врв на албанската владејачка партија, додека нивни функционери веќе се ставаат и во американската црна листа токму поради криминал и корупција.

Сето ова нè принудува да се воздигнеме над нашите лични, партиски и други интереси и да се обединиме не само за уривање на корумпираната ДУИ, бидејќи тоа веќе станува најмалиот проблем, туку за спасување на иднината на нашите деца и млади, кои чекаат од нас обединување, одлучност и политичка понуда. Во спротивно, нивните соништа ги гледаат во иселување.

Затоа, сметам дека штом ние успеавме да си подадеме рака еден на друг, кулата од карти на корупција и криминал – ДУИ – е веќе срушена и на повидок е нова победа и нови предизвици.

Лидерот на „Алтернатива“ вели дека тој лично би сакал да поминат уставните измени, но нагласува дека дека тоа не зависи од бројот на пратеници од неговата партија. Тој додава дека за конечниот начин на гласање на пратениците од неговата партија ќе одлучат партиските органи.

-Моите информации се дека уставните измени нема да поминат, бидејќи самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владеачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат. Добрите политичари мислат за наредните поколенија, а слабите мислат само за наредните избори. За жал, во нашата влада имаме сами политичари од втората категорија.

Што се однесува на нашиот став околу уставните измени, за конечниот начин на гласање на нашите пратеници ќе одлучат партиските органи, но фактот што владата не го зеде во предвид нашиот предлог за уставниот амандман за борба против корупција или пак не сакаше ниту да слушне за доследното именување на албанскиот јазик во Уставот и отстранување на навредливиот еуфемизам 20%, е доволен показател за пристапот кој го има оваа влада кон уставните измени и, воопшто, кон интеграцискиот процес – не сака меѓуетничка кохезија, не сака борба против корупцијата, а во меѓувреме глуми европска интеграција. Останува на 18-ти август ова да се потврди.

-Јас би сакал да поминат и ние да го продолжиме нашиот интеграциски пат. Сепак, тоа не зависи од нашиот број на пратениците. Ако зборуваме хипотетички, макар да тоа е начин на кој може најдобро да се згреши, во случај да не поминат уставните измени, нема веќе никаква смисла да продолжи оваа кревко мнозинство, па затоа ќе мора да одиме на нови избори, за изнаоѓање на решение за евроинтеграцискиот процес. За тоа како ќе наликува тој пат за Албанија и за другите земји, мислам дека не треба да се оптоваруваме. Ние само ѝ посакуваме среќа на Албанија и на сите други земји од Западен Балкан. Ако може да не бидам скромен, за мене е гордост што со нашиот влез во владата во 2021-ва година успеавме да помогнеме за добивање на датум за преговори за Северна Македонија и Албанија.

А во однос на тоа каква би била нашата перспектива без евроинтеграција, би се воздржал од коментар, бидејќи јас во никој случај не можам да замислам такво сценарио. Ама, бидете сигурни би било мрачно.

На прашањето дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата на Мицкоски победи на следните избори, Гаши нагласува дека тие не ги бираат партнерите по име или боја, туку, како што вели, по програмски определби и политички договори за соработка.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на следните избори и ако ние имаме покана за здружување во извршната власт, ќе треба да зборуваме за тоа кој ќе биде начинот на владеење, која ќе биде владината програма, кои ќе бидат роковите и кои се ќе бидат гаранциите дека договореното ќе се имплементира. Тек тогаш ќе одлучиме, нагласува Гаши.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: алтернативаАфрим ГашиВМРО-ДПМНЕДУИСДСМуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ