Гаврил Бубевски е избран за нов шеф на Скопското обвинителство, одлучи денеска на Советот на јавни обвинители откако, подолго време ова место е празно, објави Телма.
Бубевски како јавен обвинител беше дел од Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше поранешната обвинителка Катица Јанева, а ги застапувашепредметите „Монструм“ за кој предмет сега е најавен и меѓународен мониторинг и„Насилство во Центар“ кој заврши со правосилна пресуда од 1,5 години затвор за екс премиерот Никола Груевски како и предметот „Титаник 3“ каде обвинети се функционери на ДУИ за изборни нерегуларности, Ејуп Алими и Исмет Гури, а на едно од судењата објави и дека добива закани.
Гаврил Бубевски доаѓа на местото на обвинителот Сашо Рајчев кој пак од април 2021 година е избран за Виш јавен обвинител.