• Latest

Газди, срам да ви е!

August 27, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Газди, срам да ви е!

August 27, 2018 10:49
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Налет сите пари што ги испокрадоа и провизиите што ги наплатија, а патиштата не ги направија! Дваес’ пет милиони евра многу да не се, а, Миле? На сето тоа што беше украдено и грабнато, сега за сега, без изгледи да биде вратено, имаме и анекси да се „завршат“ патиштата. Од истите компании! По ѓаволите и со патиштата! Овие народи балкански се научени да плаќаат тројно повеќе за тројно помалку.

Џабир Дерала

Ако патувате низ Македонија, до прекрасниот Охрид, низ улиците по градовите и на други патишта низ земјата, ќе ги видите… Ако ги видите. Изморени, претопени во правливиот предел на градежните работи, слаби и изгладнети, во парталава облека, поцрнети од сонцето, остарени пред време – градежни работници. Ги држат знаменцата со неодредена боја, едното треба да е црвено, другото зелено и сигнализираат. Од автопат – една лента. Некаде семафор, некаде цел човек пропушта возила. И така со години. Небаре пирамидата на Кеопс се гради со лажички за кафе.

Навистина, да тргнеме сѐ на страна. И долгите години, поточно, децении што им требаат на властите да организираат и нарачаат изградба на патиштата и улиците или нивни поправки; и вртоглавите суми што не ѝ личат на една сиромашна земја во вечна транзиција; и големите провизии што ги наплаќаат од добитниците на тендерите за кои никогаш не успеаја да ја убедат јавноста дека се барем приближно чисти; и ужасно лошиот квалитет, па за кратко време или веднаш се потребни сериозни поправки и преправки, со утнати траси, тенок слој асфалт и што уште не; и лошата, па и никаквата сигнализација… На страна сето тоа.

Да заборавиме, за миг, и тоа дека тоа се наши пари, што тие ги земале за да завршат работа, а не да ни го загорчуваат животот со генерации. Наши пари, што можеме да ги побараме назад, исто како во продавница што можеме да го сториме тоа, ако не сме задоволни од услугата или производот. Да заборавиме, за миг, на сето тоа. Се работи за луѓето…

Најскапоцен е човекот, неговиот живот и достоинството. Нема ништо достоинствено во кражбата, но нема нешто подолно од тоа да се понижуваат и изгладнуваат луѓето.

Работниците ги експлоатираат до крајни граници, ги измачуваат со ужасни услови за работа, а нивното здравје и безбедност висат на конец со секоја минута помината на градежните локации. Односот кон нив е понижувачки, а месечниот надомест е мизерен. Работниците се ставени во таква позиција што се дури и среќни што ја имаат таа работа, бидејќи со таа цркавица ги хранат своите семејства.

Дека им е жал на газдите, знам дека не им е жал. Исто така, знаеме дека не им е страв од законот со кој се штитат работничките права (пристоен надомест, социјално, пензиско, здравствено, заштита на работно место итн.). Знаеме дека големите газди на овие компании, странски и домашни, се чувствуваат како бесмртни богови, седнати на богата гозба со политичките моќници.

Но! Зарем не им е срам цел свет да ги гледа нивните работници такви, како сеништа од средниот век? Зарем не можат да одвојат еден милион евра повеќе за да ги нахранат и да ги наградат за трудот што го вложуваат деноноќно на патиштата кои ТИЕ не ги градат како што се очекува? Еден милион за нив е како сто денари за обичниот човек во Македонија.

Имаат стотици милиони, „даруваат“ десетици милиони за провизии, па нека одвојат половина милионче од својот профит и половина од алчните тендер-власти и нека им дадат работна облека, пауза со добро јадење и пристојна, барем малку попристојна плата. Тогаш ќе бидат вистински газди! Вака се само крвопијци, било да се од Кина, Грција или Македонија, а милионите што ги печалат толку нечесно ги прават само уште погрди и недостоинствени. Срам и арам да им е!

 

 


фотографија во прилог на текстот: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 28 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Share373TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ