• Latest

ГДОМ нема одговор за заканите и притисоците за учество на контра-протестите

May 23, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ГДОМ нема одговор за заканите и притисоците за учество на контра-протестите

May 23, 2016 14:20
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите знаеме за обвиненијата на ГДОМ за наводни илјадници евра кои им се исплаќаат на оние кои секојдневно протестираат. Кој е Вашиот став за уцените, притисоците, и пораките со заканувачки содржини кои им се испраќаат на учесниците на контра-протестите, кои ГДОМ во Скопје ги дочека со потготвени транспаренти и пораки? – беше прашањето кое претставник на ЦИВИЛ -Центар за слобода му го постави на Александар Пандов од ГДОМ.

Прашањето  е засновано на големиот број на пријави и извештаи кои секојдневно пристигнуваат во ЦИВИЛ и кои посочуваат токму за начинот на кој ГДОМ, како продолжена рака на власта ги мобилизира своите поддржувачи. Пандов избегна да одговори на ова прашање. Според него, учесниците на контра-протестите биле насмеани и среќни што се дел од собирот.

13254273_1052267708163642_6262759534083529782_n

Пандов не даде конкретен одговор ни на останатите прашања кои му беа поставени од учесниците на дебатата во организација на ЈЕФ Македонија.

Дебатата ја организише ЏЕФ, по повод 25 години од постоењето, на тема: „Occupy All Streets: Кога институциите ќе стивнат“,  а дебатираа  Малинка Ристевска – Јорданова од Институт за европска политика, Симона Спировска, граѓански активист од Шарената револуција и #Протестирам, Александар Пандов од ГДОМ, Биљал Касами од БЕСА и Џелал Хоџиќ, граѓански активист. 

Симона Спировска, зборуваше за нејзината вклученост во Шарената револуција, која како што таа истакна, не е шарена само поради боите кои се користат, туку е шарена поради луѓето кои протестираат.

На ова се надоврза и Биљал Касами, потенцирајќи дека протестот на Албанците на 9-ти мај, не претставува поделеност туку е дополнителна вредност на протестите во Македонија. Организирањето на контра-протестите за Касами е нелогично тоа што луѓе кои веруваат во институциите излегуваат на улица да ги бранат. “Значи со самото излегување на улица не веруваш во институците, не веруваш во Владата, во полицијата, дека можат да се справат со луѓето кои протстираат, и единствениот начин за изразување на несогласувањето со институциите кој им останува на граѓаните, го окупираш”, беше дилемата која ја постави Касами.

За Александар Пандов “Груевски не е ни Бог, ни полу Бог, само еден супер лидер кој ја води Македонија напред”.

За напредокот на државата во изминатите десет години, иронично зборуваше Џелал Хоџиќ, кој се осврна на извештаите според кои Македонија во поглед на медиумите веќе не е слободна држава, а просечната нето плата е најниска во регионот. Посочи дека сме „држава со политички затвореници, монтирани судски случаи, крадени избори, аболиција на криминалци, прислушувани над 20.000 граѓани, масовно иселување на над 450 илјади луѓе, според податоците на Светска Банка… – е ова е тој напредок кој го живееме и против кој се бориме“, заврши Хоџиќ.

“Оваа власт не може да направи реформи и не може да ги исполни условите поставени од меѓународната заедница, ниту тоа што го бара Шарената револуција. Треба да се зборува за визија за понатаму. Сите се плашат од зборот редефинирање, но мора да се зборува за тоа”, посочи во своето излагање Ристевска – Јорданова.

Едно од прашањата кое предизвика голем интерес кај присутните, беше поврзано со ставот на Пандов за затворање на граѓанските организации кои „работат за разнебитување на државата“. На тоа Пандов одговори: “Јас оодговорно тврдам  дека, доколку во Париз се уништат Ајфеловата кула или Лувр, тоа ќе резултира со апсења и затворање на организации”.

Како одговор на ова аналитичарот Суад Мисини, еден од присутните, се обрати до Пандов, посочувајќи на неговата некометентност да зборува врз база на негови силни уверувања. “Јас одговорно тврдам – во 2016 година во Македонија, не значи ништо, се дебатира со факти. Во Франција закон за граѓански организации постои 115 години, и не постои организација која е затворена како што Вие тоа го замислувате. Во 1991 година, во Париз имаше демонстранции против  покачување на цената на лебот, штетата од тие протести беше 4 милијарди долари. Никој не отиде во затвор, никој не беше затворен, ни една организација не беше затворена”.

Марија Теговска 

Tags: ГДОМдебатаконтра протестиМакедонијаневладини организацииПротестЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ