Главната задача на украинските одбранбени сили во секторот Бахмут е да ги истрошат непријателските сили и да им нанесат големи загуби, изјави командантот на украинските копнени сили генерал-полковник Олександр Сирскиј во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
Според него, Русите се обидуваат да ги концентрираат своите главни напори на оската Бахмут, обидувајќи се да го опколат и заземат градот.
Во моментов, наша главна задача е да ги истрошиме огромните непријателски сили и да им нанесеме големи загуби. Ова ќе овозможи да се создадат неопходните услови кои ќе придонесат за ослободување на украинската земја и ќе ја забрзаат нашата победа“, рече Сирскиј.
Украинските трупи го поставија темпото за битката кај Бахмут, додека руската војска беше фатена во стапицата во стратешки важниот град за кој веруваа дека ќе го освојат неколку месеци претходно.
Според Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, руските трупи продолжуваат да го напаѓаат градот. Тие претрпеа огромни жртви во обидот да го заземат од август 2022 година, во услови на зголемени шпекулации дека украинската војска се подготвува за голема контраофанзива.
Подготви: Д. Мишев