Јон Ајдини со својата новата песна „Gentle“ се најде на 12 место на една од највлијателните топ листи во регионот, Топ Ченл.
Автор на песната е самиот Јон, а снимена е во Студио „Подрумот“, каде продуцент е Ангел Ќосев. Мастерингот на песната го реализираше Бобан Апостолов. Видео спотот е продукција на Moments Production.
Песната може да се смести во жанрот Инди Поп. Основа на песната се акустичните инструменти. Таа е во духот на светските музички текови, но во неа има елементи и на класичен рок, како и на соулот од 60-те години.
Јон Ајдини е и долгогодишен активист на ЦИВИЛ.