Categories

ПРОМОЦИЈА “Gentle”, нова песна во инди поп стил на Јон Ајди

“Gentle” е насловот на новата песна на Јон Ајдини, кој пред публиката се појавува под уметничкото име Yon Idy (Јон Ајди).

Песната “Gentle” може да се смести во жанрот Инди Поп. Основа на песната се акустичните инструменти. Таа е во духот на светските музички текови, но во неа има елементи и на класичен рок, како и на соулот од 60-те години.

Комплетен автор на песната е самиот Јон, а снимена е во Студио „Подрумот“, каде што како продуцент се јавува Ангел Ќосев. Мастерингот на песната го реализираше Бобан Апостолов. Видео спотот е продукција на Moments Production.

 

Print Friendly, PDF & Email