• Latest

Георгиески: Да се биде граѓанин на Европска унија е привилегија, чест и обврска

October 22, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Георгиески: Да се биде граѓанин на Европска унија е привилегија, чест и обврска

October 22, 2020 11:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за момнеталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Георгиески: Граѓаните на овие парламентарни избори јасно и недвосмислено ја искажаа својата воља за една просперитетна модерна политика, која носи преспективи европски за нашата држава, Република Северна Македонија. Мислам дека на добар пат сме да ги здржиме и унапредиме државните интереси кои што се од стратешка важност и стратешка определба на нашата држава, тоа е евро интеграцискиот процес. Веќе сме членка на НАТО, треба да се задолжиме за останатите спорови сега со Бугарија, за да продолжиме на правиот пат. Јас верувам дека разумот и таму ќе проработи, дека кочењето на една земја, како што е Севрна Македонија не е од бенефит на никого, и мислам дека на домашен план ќе биде главно добро да се сносиме со ова здравствена криза која е на глобално ниво и на тој начин да покажеме дека сме една зрела и цврста држава како на демократски план меѓутоа така и на организациски план и да излеземе како еден сериозен иден партнер не Европска Унија.

ЦИВИЛ Медиа: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Георгиески: Граѓаните многу знаат да ги проценат преспективите кои што се нудат, ветувањата но и работата кои шти ги работивме овие изминати години и поливина. Континуитетот е битна работа во креирање посебно на локалните политики. Јас во периодот додека сум градоначалник, таква среќа да кажем имав, да ги решам проблемите кои што биле оставени нерешени многу години наназад. Тука е проблемот со УНЕСКО и сите тие препораки кои што ги имавме таму, решањето на проблемот со безправните градби и слично. Меѓутоа тоа е и наша законска должност, како градоначалници и локална власт да постапиме по закон и да го спроведеме законот. Премногу е рано да се прават некакви прогнози или да се лицитира во однос на некои политички кампањи. Јас сум насочен на работата, на проектите кои шти се прилилно големи и кои што се зафативме да ги стаиме во општината, се друго ќе кажат граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Како локалната самоуправа во Охрид се подготвува за интеграција во ЕУ?

Георгиески: Имаме неколку проекти за меѓугранична соработка, вчера бев на посте во Корча, разговарав со градиначалникот да аплицираме заедно на програмата ИПА-3 за прекугранична соработка, имаме други проекти кои што ни се во тек имплементацијата, апликацијата и администрацијата, на тие ЕУ пројектите да бидат од клучно значење за секоја општина во периодот кој што следува. Ќе ни станат достапни навистина големи фондови кои што ние ќе треба да имаме спремни пројекти за да ги користиме тие фондови, дали се инфраструктура, еклогија, спорт туризам и слично. Ние активно работиме на спремање на соодветни проекти за да ги начекаме тие пристапни фондови спремни.

ЦИВИЛ Медиа: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Георгиески: Да се биде граѓанин на Европска Унија е привилегија, чест и обврска. Ние како граѓани на една држава која се стреми да биде членка на едно глобално семејство, треба малце повеќе да работиме на демократизација на нашето општество, меѓутоа и на надгледување на самите нас како идни европски линости како интегрирани со сопствен интегритет и идентитет, да малце повеќе се грижиме за општественото добро, малце помалку за својата лична корист. Малце повеќе да гледамо како граѓани на една држава и на овој град, повеќе да си го сакаме, помалку да настапуваме себично како спрема природата така и спрема една од најстарите езера во светот и најстаро во Европа, заштитено од УНЕСКО, и конечно да почнеме да водиме грижа и да го чуваме како нешто свое, домашно, затоа што го оставаме како наследство на идните генерации. Ние сме овдека минливи и менливи, Охрид бил и пред нас, ќе биде и после нас. Белегот кој што го оставаме ако е како и досега, тогаш ќе имаме штети во непоценливи размери, и тука треба да се потрудиме да имаме пофунксионален општествен систем, да речеме реформирани институции кои што ќе се брзи во носењето на одлуки како во однос на изградба така и во однос на заштита на градот.

Арбен Зеќири
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ