• Latest

Герамитчиески: Набавката за блиндираното возило на МВР копирана од каталогот на „Мерцедес“

September 26, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Герамитчиески: Набавката за блиндираното возило на МВР копирана од каталогот на „Мерцедес“

September 26, 2018 14:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот повик за набавка на блиндирано возило за потребите на Министерството за внатрешни работи ги содржел истите параметри со достапните каталози за мерцедес С600, вклучувајќи ги и техничките грешки од каталогот. Ова го посочи вештото лице Тале Герамитчиески на денешното судско рочиште за предметот „Тенк“ во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка Горана Јанкуловска.

Тој на прашање на адвокатката Тања Алексиќ рече дека сличностите во јавната набавка и во каталогот биле толку очевидни што тие, како што рече, направиле copy paste.

– Од наведените извадоци на техничките карактеристики  од тендерот заклучив дека само кај мерцедесот С600 доаѓаат до 100 проценти точност називите наведени во јавната набавка, а кај возилата „ауди“ и „БМВ“ имаат слични функции, рече Герамитчиески.

Тој за да одговори на наредбата на СЈО користел компарација со каталозите на „Мак аутостар“, „М-кар“ и „Порше“.

Герамитчиески посочи дека мерцедесот С600 спаѓа во категоријата на луксузен модел, а во периодот на набавка конкуретни му биле „бентли“ и „астон мартин“, но во конкуренција на блендирани возила му парирале „ауди“ и „БМВ“.

Претходно, сведочеше и Дејан Митревски-Урко, шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски кој рече дека возилата кои ги користеле за ВИП личности биле многу стари и оти во случај на дефект најчесто позајмувале возила од претседателот на Собранието, претседателот на државата и министерот за внатрешни реботи. Тој посочи дека и возилото во кое се возел тогашниот претседател на Владата било во лоша состојба – двапати откажувала хидрауликата на воланот, имало проблеми со менувачот, а паѓале и вратите од шарките и морале да ги носат на поправка.

Рочиштето продолжува утре со сведочење на вешто лице.

На претходните рочишта во раздвоената постапка  за „Тенк“ беа изнесени материјални докази и сослушани сведоци. За истиот предмет веќе има обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. (МИА)

Tags: „Тенк“Гордана ЈанкуловскаНикола ГруевскиСЈОТале Герамитчиески
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ