• Latest

Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот тек на земјите од Балканот

June 13, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот тек на земјите од Балканот

June 13, 2024 21:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Патот кон Европа ќе треба да продолжи и Грција ќе биде меѓу оние земји кои ќе застанат до земјите од Западен Балкан, со почитување на демократијата и владеењето на правото и со надеж Европа да стане поширокото семејство на сите држави, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по учеството на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Скопје..

Министерот за надворешни работи рече дека во Скопје ја пренел „пораката за мир, солидарност и пријателство до сите земји од Југоисточна Европа“, потсети дека Грција беше една од земјите „кои го забрзаа формирањето на Меѓубалканската конференција“, но и земја силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан преку Солунската агенда од 2003 година.

-Важно е да се гарантира европскиот тек на сите земји од Балканот и поширокиот регион во период на многу високи предизвици, со две војни во нашето пошироко соседство. Секако, и тоа е она што го нагласив на конференцијата, напредокот треба да се развива врз основа на конкретни предуслови, кои се формални и се однесуваат на почитување на демократијата, почитување на владеењето на правото, верно почитување на сите меѓународни договори и доследна усогласеност со сето она што е поврзано со Европската унија, меѓународното право, како и секако почитувањето на правата на малцинствата, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.

 

Tags: ПСЈИЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ