• Latest
Н.Е. Амб. Томас Герберих / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Герберих: СЈО поттикна процес, неуспехот на поединици не значи дека целиот систем е погрешен

October 6, 2019
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Герберих: СЈО поттикна процес, неуспехот на поединици не значи дека целиот систем е погрешен

October 6, 2019 10:21
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Н.Е. Амб. Томас Герберих / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Н.Е. Амб. Томас Герберих / фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Западен Балкан е регион од стратешко значење за Европската Унија и не смееме да го запоставиме овој регион од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите.

Ова во интервју за МИА го порача германскиот амбасадор, Томас Герберих, кој истакна дека големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасниле за започнување на преговорите.

„Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската Унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите“, вели Герберих.

Во врска со реформите на правосудството и каде СЈО потфрлило на патот на справување со високиот криминал и корупција, Герберих вели дека не му доликува да ја коментирам работата на правосудството.

Но, вели негово лично мислење е дека и покрај сите недостатоци формирањето на СЈО поттикна процес, а неуспехот на поединци, додава тој не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен.

Господине Герберих, Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Големо мнозинство од германските пратеници и одобрија на Вашата Влада да се заложи за отворање на претпристапните преговори со РСМ. Поддршката на Германија се смета за еден од клучните фактори кои би довеле до позитивен исход за нас на претстојниот Самит. Ваша оценка дали земјата конечно ќе го добие долгоочекуваниот датумот да ги почне преговорите?

Одлуката на Бундестагот е значаен и потребен чекор во овој момент, како за иднината на земјите од Западен Балкан, така и за самата Европска Унија. Големо преовладувачко мнозинство на ЕУ-државите веќе се изјасни за започнување на преговорите. Недостигаат само уште неколку. Се надевам дека земјите-членки на Европската унија на Советот за општи работи на 15 октомври ќе може да постигнат согласност за отворање на преговорите.

Сите сме оптимисти за датумот, но сепак одреден сомнеж внесува непроменетиот став на Франција, прво реформи внатре во ЕУ, па проширување. Знаеме дека одлуките во ЕУ се носат со консензус. Како ваквиот став на Франција и Макрон би се одразил врз одредувањето датум и дали постои можност да добиеме датум, но сепак со некакво условување од страна на Париз?

Западен Балкан е регион од стратешко значење за ЕУ. Не смееме да го запоставиме овој регион и од наш сопствен интерес. Северна Македонија веќе ги забрза реформите и направи реформски чекори во сите области што се релевантни за започнување на преговорите. Договорот за добрососедство со Бугарија и историскиот Договор од Преспа со Грција значително го трасираа патот за помирување во регионот. Сето ова покажува дека реалната перспектива за пристап претставува значаен двигател за реформи, помирување и стабилизација во Западен Балкан. Исто така е јасно дека пристапниот процес – кој токму поради тоа е поделен на поединечни поглавја – содржи услови: фокусот е, притоа, на правната држава, основните вредности, борбата против организираниот криминал и корупцијата. Оптимисти сме дека стратешкото значење на процесот ќе биде согледано и кај нашите ЕУ-партнери.

Во вашиот говор на неодамнешната дебата за реформите што треба да се преземат во изборниот систем рековте сме постигнале имресивни реформи изминатиот период, го споменавте и правосудството. Каде затаи СЈО, ја знаете состојбата во државата, ги следите случувањата. Ваша оценка каде СЈО потфрли на патот да се справи со високиот криминал и корупција?

Не ми доликува да ја коментирам работата на правосудството. Но, ако ме прашате за моето лично мислење – при сите сѐ уште постоечки недостатоци, формирањето на СЈО поттикна процес, кој во рамките на правосудната реформа посочува кон вистинскиот правец. Неуспехот на поединци не е индиција за тоа дека целиот систем е погрешно поставен. Станува збор за создавање на независно правосудство што ќе дејствува според принципите на владеење на правото во Северна Македонија. Кривичните дела мора да подлежат на прогон независно од лицето или неговата позиција. Тука спаѓа и тоа, истрагите да напредуваат брзо и како резултат да следи пресуда во разумен рок.

Актуелен е случајот „Рекет“, во кој една од осомничените е поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Што според Ваша оценка значи „Рекет“ за Северна Македонија, напредок или назадување, испливување на нечистотиите на површина и можност да се расчисти ситуацијата или разочарување за ЕУ?

Обвинувањата против специјалната јавна обвинителка Јанева што се наоѓа во истражен притвор, ги расветлува актуелно правосудството. Секако дека овој таканаречен случај „Рекет“, по објавувањето во јули, предизвика големо внимание во медиумите и во јавноста. Но, на истрагите на Јавното обвинителство, кои веќе биле започнати пред известувањето на медиумите, треба да им оставиме простор. И претседателот Пендаровски и премиерот Заев побараа целосно и независно расфетлување на случајот, ова барање ние го поддржуваме.

Германија на 3 октомври го одбележа Денот на германското единство. Поминаа речиси 30 години откако Западна и Источна Германија се обединија. Дали 30 години се доволни за вистинско единство, за надминување на разликите меѓу Истокот, кој беше посиромашен, да речам понеразвиен и Западот, кој ден денес се смета за побогат?

Во овие 30 години од падот на Ѕидот, Германија се развиваше во сите политички и економски области и покрај сѐ посложното меѓународно опкружување. Важно е дека луѓето од Исток и Запад храбро ја искористија оваа шанса. Во овие 30 години нивото на живот во старите и новите сојузни покраини се изедначи, но секако дека уште има регионални разлики во Германија. Тие не постојат веќе начелно меѓу Истокот и Западот, туку врз основа на различните регионални развои и меѓу Северот и Југот, и меѓу сите сојузни покраини.


Ана Цветковска/Извор МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ