• Latest

Германија: И Шолц и Лашет очекуваат победа, социјалдемократите со мала предност пред демохристијаните

September 26, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија: И Шолц и Лашет очекуваат победа, социјалдемократите со мала предност пред демохристијаните

September 26, 2021 22:11
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за канцелар на левоцентристичките социјалдемократи на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц ги поздрави резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД има мало водство пред конзервативците.

Олаф Шолц пред своите поддржувачи, изборна ноќ во Германија, 26 септември 2021

– Ова ќе биде долга изборна ноќ, тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД бидејќи сакаат промена на власта, и сакаат следниот канцелар да се вика Олаф Шолц, истакна тој пред своите поддржувачи.

Кандидатот на ЦДУ/ЦСУ за иден германски канцелар, Армин Лашет вечерва изјави дека се води тесна борба во изборната ноќ, но порача дека унионистите сакаат да ја водат новата влада.

На почетокот на своето обраќање во изборниот штаб, тој нагласи дека првпат по 16 години Ангела Меркел не се кандидирала за канцелар, па затоа тие влегле во изборната трка без „бонус“.

– Знаевме дека ќе биде тешко и дека ќе имаме тесна борба во изборната ноќ. Се уште немаме конечни резултати. Но, треба да кажеме дека не можеме да бидеме задоволни со резултатот, констатира Лашет.

Армин Лашет на говорница пред поддржувачите, придружуван од партискиот врв и сѐ уште актуелната канцеларка Ангела Меркел, изборна ноќ во Германија, 26 септември 2021

Тој истакна дека во секој случај, исходот од гласањето ја става Германија, но и ЦДУ/ЦСУ, како и сите демократски партии, пред голем предизвик, бидејќи е неопходно да се постават насоки за наредните години.

– Тоа не може да го направи само една партија, треба да ги надминеме сите поделби и да соработуваме. Првпат ќе имаме тројна влада, нагласи Лашет.

Тој рече дека ЦДУ/ЦСУ добила глас од своите избирачи, владата да биде преведена од таа партија.

– Затоа ќе сториме се за да формираме влада предводена од ЦДУ/ЦСУ, бидејќи на Германија и е потребна коалиција на иднината, која ќе ја модернизира земјата, нагласи Лашет.

Ако изборите во Германија се неизвесни, тогаш формирањето на владина коалиција ќе биде уште помалку извесно. Трета политичка сила на овие избори, според прелиминарните резултати се Зелените, со својата кандидатка Аналена Баербок, потоа Слободните демократи, кои се во мала предност пред ултра-десничарите Алтернатива за Германија. На крајот од листата, со само околу 5% освоени места (за сега) во Бундестагот, се наоѓа германската Левица.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ