• Latest

Германија ја поддржува Македонија кон ЕУ, но напредокот со Бугарија е клучен, им посочи Вадефул на Мицкоски и Муцунски во Скопје

November 19, 2025

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Германија ја поддржува Македонија кон ЕУ, но напредокот со Бугарија е клучен, им посочи Вадефул на Мицкоски и Муцунски во Скопје

November 19, 2025 12:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто не е секогаш е лесен“, ова во стори на својот Инстаграм профил го објави шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, по средбата синоќа во Скопје со својот македонски колега Тимчо Муцунски.

– Северна Македонија веќе постигна многу. Сега, напредокот во односите со Бугарија е особено важен за да се постигне натамошен успех во процесот на пристапување, додава во објавата германскиот министер за надворешни работи, кој вчера беше во прва официјална посета на земјава во рамки на неговата балканска турнеја.

Ведефул исто така потенцира дека Германија и Северна Македонија одржуваат блиски врски.

-Речиси 30 проценти од учениците во земјата го изучуваат германскиот јазик, објави германскиот министер.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски објави дека со неговиот германски колега ја потврдиле заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете земји.

-Посетата на шефот на германската дипломатија на земјава претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот и уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава, истакна Муцунски.

Како што синоќа соопшти МНРиНТ, Муцунски се заблагодарил за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информирал министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул уверил дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласил дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа, додаваат од МНРиНТ.

Вадефул претходно вчера се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски, на која станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи.

– Денеска остварив средба со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, тековните регионални предизвици и можностите за нови заеднички иницијативи, се наведува во објавата на Фејсбук на премиерот Мицкоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ