Шефот на германската воена работна група за помош за Украина, генерал-мајор Кристијан Фројдинг, предупреди дека Русија ги зголемува своите сили повеќе отколку што ѝ е потребно за сегашниот обем на воените операции, објави германската новинска агенција ДПА, пренесе ЦивилМедиа.
„Гледаме дека руските вооружени сили не се способни самите и со поддршка на нивните партнери да ги компензираат огромните персонални и материјални загуби, туку дека успешно се вооружуваат“, изјави тој за неделното издание на весникот „Велт“.
Не е сигурно дека Русија ќе изврши напад врз државите на НАТО во наредните години, „но Москва очигледно создава услови за тоа“, предупреди тој.
Фројдинг рече дека руската војска од месец во месец набавувала повеќе тенкови, повеќе муниција, повеќе проектили и повеќе беспилотни летала.