„Во извештајот се искажува загриженост за политичката политризација, која што влијаеше особено врз пработата на Собранието, со што се одложуваат потребните реформи и важните назначувања. Ова вклучува и активно блокирање на Собранието“, изјави Дејвид Гир на денешната прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на ЕК.
Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии токму за клучните реформи. Извештајот, во контекст на Собранието, забележува прекумерна и некогаш несоодветна уптреба на ЕУ знаменцето. Повикуваме на основнот начело дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласоат со ЕУ норми и стандарди, а не да се скрати дебата за важни прашања. Особено потсетуваме дека има злоупотреба на знаменцето со кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10д „Бехтел-Енка“ договорот и се забележува употреба на скратени процедури кои се зголемија од 38 на 58%“, изјави Гир.
Гир истакна дека во областа на владеењето на правото не е постигнат прогрес.
Б. Ј.