• Latest

Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ

April 27, 2023

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ

April 27, 2023 19:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата.

Се наоѓаме во време кога имаме одреден моментум и динамизам. Постојано велиме дека добрососедските односи прават добар процес на евроинтеграција, тоа е столбот на евроинтеграцијата. Оваа држава има солидна репутација во регионот во промовирање на дијалог и соработка и безбедност. Пренесувајќи ги своите искуства на меѓународен план, ние го видовме ова преку Преспа форумот, а сега Северна Македонија беше и домаќин на Договорот помеѓу Србија и Косово, рече Гир на панел-дискусијата што се одржа денеска во МНР во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), по повод Денот на македонската дипломатија 29 април.

Гир потсети дека Северна Македонија направи голем прогрес на својот евроинтегративен пат во последните неколку години што кулминираше да се отвори преговарачкиот процес минатиот јули.

Како што земјата оди напред со очекуваните промени во својот Устав и се надевам ќе биде можно овие дискусии да бидат проследени на еден инклузивен и толерантен контекст каде дури постојат големи разлики, рече Гир.

Тој оцени дека регионалната соработка и регионалната ЕУ интеграција треба да одат заедно рака под рака.

Тие се комплементарни и се поврзани со концептот што го почнавме. Сега дискутираме за заеднички пазар на Западен Балкан како елемент за интеграција. Ова беше усвоено во Софија во 2020 година, што значи слободно движење на услуги капитал и луѓе. Покривање аспекти на дигитализација, инвестиции и иновации и индустриски политики, сето тоа може да промовира подобра регионална економска интеграција, како и витална интеграција во пазарот на ЕУ, рече Гир.

Гир е согласен дека треба да се отстрани митот за ваквиот заеднички балкански регионален пазар, што, како што рече, нема да одврати ниту алтернатива на вашиот пат за ЕУ интеграција.

Минатата недела македонскиот Парламент го ратификува значи слободното движење на стоки и на пазар на регионалниот балкански пазар. Тоа е навистина позитивна оценка. Многу е важно сите играчи да имаат улога во еден заеднички регионален пазар и да прават заеднички напори. Заедничкиот пазар на Западен Балкан не е добро разбран, треба повеќе да се објасни на пошироката јавност дека тоа е важен инструмент за просперитетот и стабилноста на регионот, оцени евроамбасадорот.

Според него, треба да се придонесува за дигитална трансформација на регионот, подобро поврзување на граѓаните и бизнисите.

Уште една голем практичен чекор ќе биде експанзија на т.н. зелени ленти на самите граници, нешто што сите се обврзаа. Тоа навистина ќе ја олесни царинската документација, царинските постапки за смарт транспорт и за одржливи конективности. Албанија, Северна Македонија и Србија сите заедно сакаат да ја подобрат регионалната соработка во економската интеграцијата преку иницијативата Отворен Балкан, порача Гир.

Tags: АлбанијаГирдигитална трансформацијаЕУпросперитетрегионСеверна МакедонијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ