• Latest
Припадници на ФСБ

ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

January 20, 2025

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

January 20, 2025 13:17
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Припадници на ФСБ

Припадници на ФСБ

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Денеска сакам да споделам една сторија со вас. Се работи за новинарот и граѓански активист Вилен Темерјанов од Крим, Украина. По окупацијата на неговиот роден Крим, тој се фокусира на известување за репресијата што ја спроведуваат руските окупатори каде што живее, селото Вилне и пошироко, во округот Џанкој, на Кримскиот Полуостров. Своевремено, тој беше дописник на Grani.ru, интернет медиум забранет во Русија и во окупираните територии од 2014 година. Веб страницата во моментов е неактивна, бидејќи нема услови за нормално функционирање на редакцијата. Вилен е член и на граѓанската организација „Кримска солидарност“.

Вилен Темерјанов

И пред неговото апсење во август 2022 година, по кое тој веќе не се враќа дома, окупациските власти го приведуваат повеќе пати. Еден од тие случаи се бележи во ноември 2021 година, кога бил уапсен во својство на новинар за време на репресијата и апсењата на кримските Татари чиј единствен „грев“ бил во тоа што го поздравиле адвокатот Едем Семедлиаиев со цвеќе по неговото враќање од незаконското притворање.

НОВИНАРИТЕ КАКО ДА СЕ ТЕРОРИСТИ: Темерјанов уапсен поради новинарски и граѓански ангажман

Читателките и читателите сигурно се запознаени со фактот дека во териториите на Украина што се под руска окупација владее постојан страв и репресија, а секоја информација што протекува од тие подрачја упатува и на еден мрачен факт – состојбите се неспоредливо потешки отколку што за тоа може да се дознае. Токму затоа, работата на нашиот колега Вилен Темерјанов и сите како него – е од суштинско значење да се добие што е можно подобра слика за состојбите. Истовремено, луѓето како Вилен се и мета на окупациските власти и озлогласениот ФСБ. Секојдневно, новинарите и активистите се под удар на окупаторите – тие често се приведувани и малтретирани, а некои од нив завршуваат в затвор соочени со бруталност и апсурдни и лажни обвиненија.

Сторијата за Вилен продолжува со упадот на припадниците на руските окупациски сили во неговиот дом на 11 август 2022 година каде што извршиле претрес. Утредента, окупаторите му одредуваат „превентивна мерка притвор“, а потоа лажно го обвинуваат за учество во активности на терористичка организација. Се разбира, единствената „терористичка активност“ на Вилен се состои во тоа што известувал за окупациската репресија врз неговите сограѓани на Крим.

По апсењето, информациите за Вилен се оскудни. Познато е дека Темерјанов е задржан во истражен затвор во Симферопол, при што бил подложен на принуден психијатриски третман што самото по себе е форма на тортура забранета според меѓународното право.

КАЗНЕНА ПСИХИЈАТРИЈА: Ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз

Познато е дека руските окупатори во Украина користат една ужасна тактика од времето на Советскиот Сојуз – казнената психијатрија. Што значи тоа? Доколку одбиете да ѝ се покорите на окупаторската власт, вие добивате ознака „ментално болен“. Тоа повлекува насилно институционализирање и подложување на психијатриски „третман“ со лажни дијагнози врз чија основа потоа „пациентите“ се подложени на тортура со наркотични средства, изолација, псхихолошка тортура, електрошокови и други средства. За жал, руската окупација не познава граници во примена на средства за репресија. Познато е дека дури и деца се подложени на психијатриска тортура во окупираните територии. Имајќи ги предвид овие сознанија, може да се замисли што подразбира психијатрискиот „третман“ на новинарот Темерјанов по неговото апсење во август 2022 година.

За судбината на Вилен Термерјанов се знае и дека тој е префрлен на руска територија на 20 април 2023 година во истражниот затвор во Ростов-на-Дон. Судскиот процес против него и уште петмина Кримски Татари е во тек, и спаѓа во ингеренциите на Јужниот Окружен воен суд. Му се заканува затворска казна до 20 години. Тоа што тој сега се соочува со затворска казна може да значи дека психијатрискиот „третман“ не успеал да го скрши.

ТЕМЕРЈАНОВ НЕ Е САМ: Повик за ослободување на политичките затвореници

Овие информации ги споделив со моите колешки и колеги во ЦИВИЛ, но немам намера да застанам на тоа. Сакам јавно да го застапувам Вилен и сите негови колешки и колеги од териториите на Украина што ги окупираат руските сили од 2014 година.

Кога мислам на Вилен, мислам и на неговиот роден Крим, што за мене и за многумина низ светот стана симбол на издржливост, но и болка.

Судбината на овој новинар и активист за човекови права ја делат стотици како него, кои ја плаќаат цената на посветеноста кон вистината и правдата. Апсењето и судско-полицискиот прогон на Вилен во август 2022 година е уште еден потсетник за бруталните методи на заплашување и репресија што руските окупаторски власти ги користат против оние кои се осмелуваат да ја обелоденат вистината за окупираниот Крим.

Темерјанов е не само жртва, туку и симбол на храброста на кримските Татари и на сите Украинки и Украинци кои ја бранат слободата на говорот во окупираните територии. Да се послужам со зборовите на Вилен: „Силните луѓе секогаш се појавуваат во тешки времиња.“ Но тоа не смее да остане само негова борба и борба на оние што во моментов се во руските полициски подруми, затвори и логори. Нивната борба е и наша борба, нивната храброст е инспирација за секој слободољубив човек на светот.

Затоа, ги повикувам сите новинари, активисти за човекови права и граѓани на светот да застанат заедно во борбата за ослободување на Темерјанов и сите други кои неправедно страдаат поради својата храброст. Неправдата не може да ги замолчи гласовите, не може да го уништи духот што се стреми кон слобода и правда. Русија мора веднаш да ги ослободи Вилен Темерјанов и сите политички затвореници.

Слободата и вистината ќе победат! Слобода за Вилен! Слобода за политичките затвореници!

#FreeVilenTemeryanov


Затвор поради човечност и исполнување на новинарските задачи: Случајот на Вилен Темерјанов, Крим, Украина

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ