На ИМ 0835, Кочани, Детска Градинка„ Павлинка Вељанова“, гласач, откако завршил со гласање пред да го пушти во гласачка кутија јавно го покажал ливчето и кажал за која партија гласал по што го пуштил ливчето.Настанот е евидентиран во дневникот со настани, Во дворот наистата градинка, пред ИМ 0834/1, 0835 и 0834 имало човек кој евидентирал со список лица кои доаѓаат на гласање.
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.












