„Гласам за преспанскиот договор и вечна Македонија“, „Јас имам глава за што да се одлучам“, „За европска Македонија, доволно чекавме“, „За поголеми пензии“… беа само дел од пораките и ставовите кои кочанчани ги оставија на инфо-штандот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, а кои се однесуваат на референдумот.
Тимот на ЦИВИЛ –Центар за слобода денеска е во посета на општините Кочани, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка каде преку инфо-штандови ќе комуницираат со граѓанките и граѓаните за претстојниот референдум и правото на глас.
Посетите се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.