„Гласам за својата иднина“, „Да за ЕУ!“, Нема да гласам за Заев, ќе бојкотирам“, „Гласам за европска Серава“…, се само дел од пораките на граѓанките и граѓаните кои ги напишаа денеска на инфо-штандот на ЦИВИЛ во Старата скопска чаршија.
ЦИВИЛите ги слушаа пораките, размислувањата, желбите, ставовите на скопјани, од кои најголемиот дел се ќе излезат на гласање и даваат поддршка на референдумот.
Инфо-штандот е во рамки на проектот „Гласам, значи постојам“, кој е поддржан од амбасадата на САД во Скопје.
Дехран Муратов