• Latest

Гласните ЦИВИЛи се сретнаа со новиот состав на ДИК

August 27, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гласните ЦИВИЛи се сретнаа со новиот состав на ДИК

August 27, 2018 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска одржаа состанок со претседателот Оливер Деркоски и поголем дел од членовите на Државната изборна комисија.

На средбата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ги презентираше досегашните наоди на тимовите на ЦИВИЛ од теренот. Воедно, беа презентирани и наодите за проблемите во Избирачкиот список.

Заедничка беше констатацијата дека критичкиот тон со кој се одликува ЦИВИЛ, сепак, придонесува кон корекција на процесите. ЦИВИЛите навестија дека ќе останат гласни и бескомпромисни и во иднина, што беше поздравено од претседателот Деркоски и другите членови на ДИК.

Претседателот Деркоски ја истакна определбата на сите членови на ДИК да ја остават политиката дома и да спроведат што е можно подобар референдумски процес. Нивниот мандат, според измените во Изборниот законик, завршува на 15 јануари.

Земајќи ги предвид бројните укажувања на ДИК за трошењето на јавните пари и луксузирањето на претходниот состав на оваа институција, Деркоски го информира ЦИВИЛ дека во самиот старт се направени значителни заштеди и дека овој состав на ДИК е цврсто решен да работи рационално и штедливо, без бонуси и без луксузирање.

На состанокот се посвети квалитетно време да се проговори за „фантомите“ – назив што го воведе ЦИВИЛ за време на локалните избори во 2013 година. Беше нагласен проблемот и дека некои гласачи не можат да се најдат на Избирачкиот список и низа други проблеми што се провлекуваат со децении наназад. За сознанијата, позициите и ингеренциите на ДИК и понатаму ќе се работи во ЦИВИЛ, од денеска и во поблиска комуникација со оваа институција, за што јавноста ќе биде информирана редовно и во детали.

Понатаму, на состанокот меѓу ЦИВИЛ и ДИК се говореше и за обуките на членовите на Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, за финансирањето на кампањите, гласањето на дијаспората и низа други аспекти од делокругот на ДИК.

ЦИВИЛ ги соопшти и своите планови и накратко ги презентираше методологиите на мониторингот на референдумот, на што наидоа на разбирање од членовите на ДИК.

Двете страни констатираа дека овој состанок со многу податоци и ставови, што траеше 68 минути, ветува подобрување и интензивирање на комуникацијата меѓу ЦИВИЛ и ДИК.

Маја Ивановска

Tags: ДИКДржавна изборна комисијаизбирачки одбориизбирачки списокопштински изборни комисииреферендумфантомифинансииЦивил
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ