• Latest

Гледај во срцето, прифати ја различноста

November 13, 2017
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Гледај во срцето, прифати ја различноста

November 13, 2017 13:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права организира конференција „Очи за еднаквост“ посветена на лицата со посебни потреби, која ќе се одржи на 15 ноември (среда), во 11 часот, во хотелот „Арка“ во Скопје. 

„Преку конференцијата сакаме да ја информираме јавноста и граѓаните подетално за наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на лицата со посебни потреби во областите: социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот“, стои во поканата за настанот.

Воведно обраќање на прес-конференцијата ќе има британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, а потоа, ќе следи обраќање и на министрите и претставници на министерствата надлежни за областите во кои беа спроведени истражувањата.

Конференцијата е во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од британската амбасада во Македонија.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата 15 Ноември, ќе продолжи со Маршот на толеранција, со почеток во 15 часот, пред Музејот на град Скопје.

Оваа година, како и конферецијата, и маршот е посветен  за кревање  на свесноста за потребата за активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот, јавниот и политички живот.

„Имајќи предвид дека една од главните пречки за непречено движење на лицата со физичка попреченост, особено оние кои се наоѓаат во инвалидски колички и слепите лица, е неприлагодениот урбанистички простор, би сакале на овој Марш да ја покренеме свесноста преку акција за обележување на непристапните места и тротоари долж рутата, кои обележувања би послужиле како насоки за натамошни корекции од градските власти“, стои во повикот на Хелсиншкиот комитет.

ЦИВИЛ – Центар за слобода и оваа година е дел од организациите што го поддржуваат настанот.

Од ЦИВИЛ апелираат за толеранција меѓу граѓанките и граѓаните за почитување на различностите и за солидарност како одговор на неодговорноста и негрижата на државата и на надлежните институции за лицата со попреченост. ЦИВИЛ повикува на нулта толеранција кон дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи и ги повикува надлежните институции и граѓанските организации да не се откажат од борбата за фундаментални човекови права и слободи за лицата со попреченост.

М. И.

 

Tags: конференцијалица со посебни потребиОчи за еднаквостХелсиншки комитет за човекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ