• Latest

Глобален преглед на вооружено насилство

June 8, 2017
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Глобален преглед на вооружено насилство

June 8, 2017 15:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на мало и лесно оружје (пиштоли) денес во оптек, во целиот свет изнесува околу 875 милиони и уште толку се произведуваат на годишно ниво од илјадници производители низ целиот свет!

Како се добива лесно оружје?
По легален пат: продавници за оружје, полигони, саеми за оружје и онлајн.
Нелегално: преку недозволена трговија и промет на мало и лесно оружје и нелегално оружје, размени во криминални мрежи, кражби од владините залихи, приватни компании за обезбдедување, продавници, куќи и автомобили.
Последиците од трговијата со лесно оружје се далекусежни. Оруженото насилство кое е поткрепено со мало и лесно оружје, е водечка причина за присилна миграција и поместување во светот. Оруженото насилство е водечка причина за глад во светот. Оруженото насилство влијае врз развојот на земјите, на пример, Интер-американската банка за развој проценува дека насилствата ги чинат земјите од Латинска Америка меѓу 3% и 15% од БДП годишно.

Ограничување на основните потреби: несигурноста влијае на донесување одлуки, пристапот до храна, вода и засолништа, како и мобилност и трговија. Оние кои имаат најмногу потреба се најчесто оние кои се најоштетени, како хуманитарните агенции кои ги повлекуваат своите вработени поради ризиците.

Злоупотребата на лесното оружје доведува и до олеснување на дејства како трговија со дрога, трговија со луѓе, сексуално насилство, ХИВ трансмисија, лов на дивиот свет, сиромаштија, страв од заедницата и скусување на дневните животни активности. Во една студија од Мексико од 2009 година, на пример, 60% од родителите одговориле дека криминалот и насилството ги тераат да им забранат на своите деца да си играат надвор.

Оруженото насилство годишно убива околу 526.000 луѓе. Се проценува дека на секој смртен случај како последица од огнено оружје се случуваат и до осум пати повеќе повреди.

Оруженото насилство во 2016 година го чини јавното здравство во САД околу 229 милијарди долари за здравствена заштита, спроведување на законот, осигурување и други трошоци. Во останатиот дел од светот сумата е уште позастрашувачка.

Во Велика Британија оруженото насилство е третата причина за оштетување на рбетниот мозок.

Во однос на статистиките поврзани со возраст, пол и вооружено насилство, на глобално ниво 84% од луѓето кои загинале насилно се мажи и момчиња. На најголем ризик се изложени тинејџерите и младите луѓе. Повеќето од жените се изложени на сексуално насилство. Мажите во поголемиот дел од светот користат огнено оружје (повеќе од 90%).

Во САД нападите на семејно насилство кои вклучуваат огнено оружје се со 12 пати поголеми шанси да резултираат со смрт. Една третина од инцидентите поврзани со семејно насилство вклучуваат закани со оружје. Родовата нееднаквост, културното прифаќање на насилството врз жените создаваат поволна клима за изложување на жените на ризик.

Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје во сите нејзини аспекти (ПОА) 13 е усвоена во 2001 година од сите земји членки на ОН. Овој политичко обврзувачки договор поставува рамка за подобрување на националните закони и прописи за спречување на недозволената трговија и на неконтролираниот промет на мало и лесно оружје, вклучително и увоз, извоз, транзит, посредување и управување со залихи. ПОА воспоставува процедури за сите држави да се вклучат во соработка и помош. Во 2018 година, конференцијата на ОН ќе се одржи во Њујорк каде ќе се провери спроведувањето на ПОА и ќе се утврдат начините на кои таа може да се зајакне.

Tags: 526 жртви годишноИАНСАмало и лесно оружјеОНоружено насилствоПОА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ