• Latest

Гнев

December 1, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Гнев

December 1, 2017 11:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Само од еден лек имало 28 сомнителни пакувања – лек за ДЕЦА! Боли за секого, од 1 ден до 111 години. Никој не заслужува да биде излажан особено кога се работи за неговото здравје. Но…

Пишува: Денис Јанкуловски

Имате ли Вие деца? Нема да ве прашувам како не ви е срам и дали имате малку душа во вас бидејќи НЕМАТЕ ништо од тоа. Да посегнеш по најмалите, по најневините, по оние за кои од една страна викавте „раѓајте деца“ а од друга страна тивко и полека ги убивавте? Ги лажевте, им дававте нив и на нивните родители и најблиски лажна надеж дека дечињата ги лечите?

Како ниеднаш не ве заболе нивната насмевка кога среќни што нашле лек дента го примиле и дека ќе се излечат, дека нема да спијат со месеци по болници? Како еднаш не се сепнавте и не го ставивте прстот на чело гледајќи ги пресреќните мајки и татковци кога нивното дете ќе се израдува што дошол лекот во аптеките? Не помисливте ли на оние дечиња кои со ноќи плачат скриени под јорганчињата и се молат за здравјето на братчињата и сестрите? ои се надеваат дека ќе имаат со кого да поделат и добро и лошо до длабока старост?

Тамара е само едно од многуте деца жртви на вашиот злосторнички криминален ум кој работеше 24/7 само за пари. Пари, пари, пари. Тоа Ви беше единствена водилка во животот, па макaр било и по цена на човечки, детски живот. Не ги поштедивте ниту бремените, ниту родилките. Оние кои сакаа да му се израдуваат на животот со пород.

Паралелен увоз. Тоа многу грдо звучи. Криминално, барем за мене. Увезувавте неиспитани, фалсификувани, неисправни и којзнае какви се не лекови. И што направивте? Удривте по најосетливите, болните. Удривте по најмилото. Тоа само го покажува ѕверското во Вас. Удривте по дечињата кои се надеваа дека некој од овие горе набројани, а верувам дека ги има многу такви, дека токму овие се вистинските лекови за нивното излекување. Дека нивните болки ќе престанат и дека ќе можат да се вратат во нормалниот живот. Да играат и трчаат и да му се радуваат на животот.

Се излажале или, подобро кажано, сте ги излажале. И за ова мора да одговарате. Без нималку олеснувања. Ова не е криминал. Ова е хорор. Ова е ѕверство.

Одговорноста за овој слободно можам да го наречам геноцид е огромна. На врвот на алката за вина се веледрогериите. Тие свесно ги увезувале овие сомнителни лекови. Учествувале во криминал. Следни се Фондот и Министерот. Фондот што дал дозвола да се употребуваат. Тогашниот Министер Тодоров, оној истиот кој од здравството направи болест кој ставил потпис за дистрибуција на лековите по болниците. Тука доаѓаме до Директорите на болниците кои биле добро и длабоко навлезени во пајаковата мрежа наречена „профит на сметка на здравјето“. Можат да викаат дека биле приморани, дека не сакале ама ете морале да потпишат. Не. Нема оправдување. Ако го немаш човечкото во себе џабе е, ништо не те пере.

И дојдовме до за мене ВИНОВНИЦИТЕ.  Оние кои оштетиле илјадници пациенти. Докторите кои ги препишувале овие лекови. Докторите кои ЗНАЕЛЕ, а сигурен сум дека голем дел од нив свесно го правеле тоа. И повторно за пари. Овие доктори ја замениле Хипократовата заклетва со Хипокритовата во која  очигледно стои профит, нехуманост, без чувство за грижа и човечност, криминал но полн џеб. Одземена лиценца? Не, тоа е најмалата казна.

Сите Вие, партијци, Директори, Доктори и други вклучени во овој злостор, Вие не сте луѓе, дефинитивно. Вие сте цело зло на планетава собрано во човечки лик. Вие сте самиот Ѓавол. Вие сте злосторници против човештвото. Кажете им на вашите Поршиња и Мерцедесчиња дека залудно ронат солзи, кажете им дека ВИЕ СТЕ ВИНОВНИ за неизлечените ангелчиња, за починатите јуначиња. Кажете им го тоа. Нема да разберат можеби. Но нека знаат.

Многу гнев имам за многу, можеби и премногу работи. Но за ова…..Не можам да опишам што заслужувате.

Оваа ситуација мора што побрзо да се реши. Најважно во моментов е да дознаеме кои се тие лекови за да се повлечат од рафтовите по аптеките. А потоа… Потоа се знае редот. Обвинителството и Судовите ќе си ја тераат работата според процедура и Закони. Како што треба. За да има резултат. А верувам дека веќе и работат на оваа проблематика.

За да се вратат насмевките во болниците, да се радуваат сите кога децата ќе ги пуштаат од болница дома. Излекувани!

Не пишувам повеќе, како пишувам гневот расте.

Кога е за децата – нема компромис.

Tags: болнициздравстволековипартииправдасудењефалсификат
Share162Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ