Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) вечерва организира гала хуманитарен концерт „American Disco Night“ што ќе биде изведен од оркестарот и солистите во Националната опера и балет.
На третиот по ред хуманитарен концерт на МААА, ќе бидат изведени американски најпопуларни диско хитови од ’70-тите и ’80-тите години на минатиот век од солистите Наде Талевска, Ѓоко Танески, Ана Мицковска и Горан Наумовски.
Концертот почнува во 20 часот.